Јоахимстал (Бранденбург)
| Јоахимстал | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Бранденбург |
| Округ | Барним |
| Месна заед. | Јоахимстал |
| Градоначалник | Герлинде Шнајдер (СГ) |
| Основни податоци | |
| Површина | 120,18 км2 |
| Надм. височина | 72 м |
| Население | 3.446 (31 декември 2022)[1] |
| - Густина | 29 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | BAR |
| Пошт. бр. | 16247 |
| Повик. бр. | 033361 |
| Портал | www.joachimsthal.de |
| Местоположба на градот Јоахимстал во рамките на округот Барним | |
![]() | |
| Координати | 52°58′0″N 13°45′0″E / 52.96667°N 13.75000°E |
Јоахимстал (германски: Joachimsthal) — мал град во округот Барним, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се наоѓа во рамките на Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин, околу 17 километри северозападно од Еберсвалде и 55 километри североисточно од Берлин. Градот е административно седиште на истоимената општинска заедница.
Историја
[уреди | уреди извор]
Јоахимстал бил основан во 1601 од изборниот кнез Јоахим Трети Фридрих околу средновековниот заок Гримниц и добил градски права во 1604. Изборниот кнез изградил работилница за стакло и во 1607 основал училиште (Joachimsthalsches Gymnasium), кое било преместено во Берлин по неговото уништување во текот на Триесетгодишната војна. По пожарот во 1814, црквата и неколку куќи биле повторно изградени според плановите на Карл Фридрих Шинкел.
Кралот Фридрих Вилхелм изградил ловечка куќа на Вербелинското Езеро во близина на градот во 1849. Куќата била користена и од други благородници во текот на годините.
Луѓе
[уреди | уреди извор]- Франц Ернст Нојман (1798–1895), лекар
Збратимени градови
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]| „Јоахимстал (Бранденбург)“ на Ризницата ? |
| ||||||||
|

