Шорфхајде (општина)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шорфхајде
Грб на Шорфхајде
Шорфхајде се наоѓа во Германија
Шорфхајде
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Барним
Месни единици 9
Градоначалник Уве Шокнехт (FW)
Основни податоци
Површина 236,79 км2
Надм. височина 29 м
Население 9.966 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 42 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. BAR
Пошт. бр. 16230, 16244, 16348
Повик. бр. 03334, 03335
Портал www.gemeinde-schorfheide.barnim.de/
Местоположбата на Шорфхајде во рамките на округот Барним
Карта
Координати 52°54′00″ СГШ 13°31′00″ ИГД / 

Шорфхајде (германски: Schorfheide) е општина во округот Барним, во Бранденбург, Германија. Била основана во 2003 со спојување на Финовфурт и Грос Шенебек.

Преглед[уреди | уреди извор]

Замок Грос Шенебек

Во Шорфхајде влегуваат и селата Алтенхоф, Бемерхајде, Ајхорст, Кландорф, Лихтерфелде, Шлуфт и Вербелин. Се наоѓа западно од административното седиште на округот Еберсвалде и околу 40 километри североисточно од Берлин. Шорфхајде е најголема општина во Барним гледано според површина. Големи делови од нејзе припаѓаат на Биосферниот резерват Шорфхајде-Хорин.

Во 13 век, асканиските маркгрофови на Бранденбург изградиле замок на јужниот дел на Вербелинското Езеро. Во 1879, принцот Карло ја изградил кулата Асканија. Во Грос Шенебек се наоѓа ловечка куќа подигната во 1680 од страна на изборниот кнез Фридрих Вилхелм I, која денес служи како музеј. Од 1950 до 1989, во Алтенхоф се одржувал кампот „Пионерска република Вилхелм Пик“ (Pionierrepublik Wilhelm Pieck).

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]