Елба-Елстер
Елба-Елстер Elbe-Elster | |
---|---|
Округ | |
![]() | |
Земја | ![]() |
Покраина | Бранденбург |
Седиште | Херцберг |
Површина | |
• Вкупна | 1,889,4 км2 (729,5 ми2) |
Население (31 декември 2018)[1] | |
• Вкупно | 101.827 |
• Густина | 54/км2 (140/ми2) |
Часовен појас | CET (UTC+1) |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Рег. таб. | EE |
Мреж. место | landkreis-elbe-elster.de |
Елба-Елстер (германски: Elbe-Elster) — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се Телтов-Флеминг, Даме-Шпревалд, Горен Шпревалд-Лужица, Мајсен, Северна Саксонија и Витенберг.
Историја[уреди | уреди извор]
Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Финстервалде, Бад Либенверда и Херцберг.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот е именуван по двете реки, реката Елба која ја создава западната граница со Саксонија и реката Шварце Елстер која е притока на Елба и тече низ округот. Округот е дел од историската област Лужица. Мочуриштата долж Шварце Елстер се станишта на неколку ретки животни, како модроврани, дабари и видри.
Грб[уреди | уреди извор]
![]() |
Грбот бил донесен во 1995. Лавот во долниот лев дел потекнува од грофството Мајсен, кому историски му припаѓал јужниот дел од округот. Црните ленти потекнуваат од грофството Саксо-Витенберг бидејќи областа околу Бад Либенверда припаѓала на тоа грофство во минатото. Црвените линии потекнуваат од најстариот грб на Бранденбург, а бикот е симбол за областа Долна Лужица каде е сместен самиот округ. |
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Слободни градови | Општинска заедница | |
---|---|---|
|
1. Елстерланд 2. Клајне Елстер (Долна Лужица) 3. Плеса |
4. Шлибен 5. Шраденланд |
1седиште на општинската заедница;2град |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2019 г.“. Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. 31 декември 2019. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Елба-Елстер“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Туристичка страница
|
Координати: 51°36′N 13°26′E / 51.600° N; 13.433° E
|