Телтов-Флеминг
Телтов-Флеминг Teltow-Fläming | ||
---|---|---|
Округ | ||
| ||
![]() | ||
Земја | ![]() | |
Покраина | Бранденбург | |
Седиште | Лукенвалде | |
Површина | ||
• Вкупна | 2,092 км2 (808 ми2) | |
Население (31 декември 2018)[1] | ||
• Вкупно | 169.997 | |
• Густина | 81/км2 (210/ми2) | |
Часовен појас | CET (UTC+1) | |
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | |
Рег. таб. | TF | |
Мреж. место | teltow-flaeming.de |
Телтов-Флеминг (германски: Teltow-Fläming) — округ (Kreis) во југозападниот дел на Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се (од исток надесно) Даме-Шпревалд, Елба-Елстер, окрузите Витенберг во Саксонија-Анхалт, округот Потсдам-Мителмарк и главниот град и покраината Берлин.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот е именуван по двете главни области. Телтов е земјоделски појас јужно од Берлин. Флеминг е пошумен ридски масив во јужниот дел; делот од областа сместен во округот е наречен Долен Флеминг, додека Горен Флеминг се наоѓа во округот Потсдам-Мителмарк.
Историја[уреди | уреди извор]
Округот бил создаден во декември 1993 со спојување на претходните окрузи Лукенвалде, Јитербог и Цосен, но исто така и мали делови од другите поранешни окрузи, како Лукау.
Разно[уреди | уреди извор]
Во периодот од 1997 до 2001, округот имал најголем пораст на БДП од сите окрузи во Германија со стапка од 56,1%.[2]
Флеминг-Скејт („Fläming-Skate“) — 160 километри долга патека специјализирана за возење ролерки, единствена од таков вид во Германија.
Интересно, градот Телтов не е дел од округот Телтов-Флеминг, како што и градот Даме не е дел од округот Даме-Шпревалд.
Грб[уреди | уреди извор]
![]() |
Грбот го покажува орелот на Бранденбург во левиот дел, бидејќи маркгрофовите на Бранденбург започнале да владеат со северниот и северозападниот дел на округот во 13 век. На десно е бастунот на игуменот. Ја симболизира верската држава Магдебург, на која припаѓале јужниот и средишниот дел на округот. Црнобелата шаховница потекнува од династијата Торгов, кои ја поседувале областа околу Цосен до 1478. |
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Слободни градови | Слободни општини | Општинска заедница |
---|---|---|
1. Даме/Марк
|
Наводи[уреди | уреди извор]
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Телтов-Флеминг“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (германски)
- Флеминг-Скејт (германски)
|
Координати: 52°5′N 13°18′E / 52.083° N; 13.300° E
|