Јитербог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јитербог
Поглед на градот од црквата Св. Никола
Поглед на градот од црквата Св. Никола
Грб на Јитербог
Јитербог се наоѓа во Германија
Јитербог
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Телтов-Флеминг
Градоначалник Бернд Ридигер (FDP)
Основни податоци
Површина 175,68 км2
Надм. височина 71 м
Население 12.314 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 70 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TF (старо JB)
Пошт. бр. 14913
Повик. бр. 03372
Портал www.jueterbog.eu
Местоположбата на градот Јитербог во рамките на округот Телтов-Флеминг
Карта
Координати 51°59′36″ СГШ 13°04′22″ ИГД / 

Јитербог (германски: Jüterbog) е историски град во североисточна Германија, во округот Телтов-Флеминг, во сојузната покраина Бранденбург. Се наоѓа на реката Нуте на северните падини на ридскиот масив Флеминг, околу 65 километри југозападно од Берлин.

Историја[уреди | уреди извор]

Црква во манастирот Цина
Порта Дамтор

Словенската населба Јутрибок била прв пат спомената во 1007 од Титмар од Мерзебург, хроничар на надбискупот Тагино од Магдебург. Сепак не била дел од надбискупијата Магдебург до 1157 кога надбискупот Вихман фон Зебург изградил бургвард. Во 1170 Вихман исто така ја основал соседната опатија Цина и му доделил на Јитербог градски права во 1174. Областа останала енклава на Магдебург помеѓу Војводството Саксо-Витенберг и Маркгрофството Бранденбург во текот на Средниот век.

Во Јитербог бил направен неуспешниот обид за ставање крај на Војната за наследството на Јилих со договор потпишан во март 1611 помеѓу Изборното кнежество Саксонија и Бранденбург. Во ноември 1644 во текот на Триесетгодишната војна, во близина на градот шведските трупи ја поразиле царската војска. Иако надбискупијата Магдебург преминала во посед на Бранденбург-Прусија со Вестфалскиот мир во 1648, градот Јитербог преминал во Саксонија.

Битката кај Деневиц се случила на три километри југозападно од Јитербог на 6 септември 1813 во текот на Наполеонските војни. На Виенскиот конгрес во 1815 градот му бил доделен на Кралството Прусија, кој подоцна бил администриран во рамките на покраината Бранденбург и станал гарнизон на пруската армија. Во 1871 станал дел од Германското царство како дел од обединувањето на Германија.

За време на нацизмот, воената база во Јитербог била проширена и три околни села биле раселени со цел искористување на поголем простор за тренирање. При поделбата на Германија од 1945 до 1990, Јитербог бил дел од Источна Германија и останал важен гарнизонски град, сега на Црвената армија. До 40.000 советски војници биле сместени во касарните од нацистичко време и во нови згради во околината. Огромниот гарнизон, околу четири пати поголем отколку населението на градот, силно влијаел на граѓанскиот живот и градот бил неколку пати гранатиран при тренирање на војниците. Откако Црвената армија ја напуштила обединетата Германија во 1990, воената зона од 20.000 хектари останала затворена за јавноста поради безбедносни причини.[2]

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Градот е опкружен со средновековни ѕидини на кои има три порти. Има две протестантски цркви, од кои готската Св. Никола (14 век) е позната по нејзините брода и вклучува зачуван ковчег на Јохан Тецел.

Исто така има и римокатоличка црква, старото градско собрание со скулптура на Св. Маврикиј од 16 век и современо училиште.

Опатијата Цина, цистецијанскиот манастир основан во 1170, се наоѓа на 3 километри северно од градот.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Во 1841 Јитербог добил пристап до железничката линија Берлин-Анхалт. Денес станицата е сместена на раскрсница на железничката линија од Берлин до Витенберг и огранок до Фалкенберг/Елстер. Постои и железничка линија до Белиц и Берлин-Ванзе.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Јитербог е збратимен со:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население во Бранденбург по општини и општински заедници (XLS-Datei; 83 KB) (Einwohnerzahlen auf Grundlage des Zensus 2011)“] (на германски). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. 31 декември 2015. https://www.statistik-berlin-brandenburg.de/publikationen/stat_berichte/2016/SB_A01-07-00_2015m12_BB.xlsx. 
  2. Hauser, Beat. „Nachbarschaft mit Sprengkraft“, 27 септември 2010 (конс. 9 октомври 2010 г).