Прејди на содржината

Вилдау

Од Википедија — слободната енциклопедија
Вилдау
Техничкиот универзитет Вилдау
Техничкиот универзитет Вилдау
Техничкиот универзитет Вилдау
Грб на Вилдау
Вилдау во рамките на Германија
Вилдау
Управа
Земја Германија
ПокраинаБранденбург
ОкругДаме-Шпревалд
ГрадоначалникУве Малих (Левица)
Основни податоци
Површина9,09 км2
Надм. височина45 м
Население 10.984 (31 декември 2022)[1]
 - Густина1.208 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.LDS
Пошт. бр.15745
Повик. бр.03375
Порталwww.wildau.de
Местоположба на Вилдау во рамките на округот Даме-Шпревалд
Карта
Карта
Координати52°19′N 13°38′E / 52.317°N 13.633°E / 52.317; 13.633

Вилдау (германски: Wildau) — општина во округот Даме-Шпревалд, во сојузната покраина Бранденбург, во Германија. Се наоѓа близу Берлин и е поврзана со С-Железницата.

Историја

[уреди | уреди извор]
Црква во Вилдау

Историјата на Вилдау почнува со рибарските семејства кои се населиле долж реката Даме и потоа испораката на песок, чакал и тули од областа со брод до Берлин.

Машинската индустрија го ставила Вилдау на картата при индустриската револуција. Во 1897, компанијата Шварцкопф основала фабрика за локомотиви и изградила населба за работниците од фабриките, која денес е заштитено културно наследство. Во текот на Втората светска војна, локалните фабрики биле вклучени во военото производство. По војната тие станале државни претпријатија во Источна Германија. По повторното обединување на Германија фабриките главно биле водени од Treuhand.

Во областа околу Вилдау, бројни технолошки и бизнис паркови биле отворени во претходните години, пред сè во услужната индустрија, логистички центри, како и компании за енергија и животна средина. Инженерска школа била основана уште во 1949, а од 1991 сојузната покраина Бранденбург го основала Техничкиот универзитет за применети науки Вилдау.

  1. ↑ „Население на Бранденбург по општини и општински заедници] на 31 декември 2022 г.“ (PDF). Статистичка служба за Берлин и Бранденбург. јуни 2023. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]