Хајлигенграбе
Хајлигенграбе | |
Црква во Грабов | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Бранденбург |
Округ | Источен пригниц-Рупин |
Месни единици | 14 |
Градоначалник | Егмонт Хамелов (Wählergruppe Heiligengraber Land) |
Основни податоци | |
Површина | 232,30 км2 |
Надм. височина | 75 м |
Население | 4.379 (31 декември 2020)[1] |
- Густина | 19 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | OPR |
Пошт. бр. | 16909 |
Повик. бр. | 033962 |
Портал | www.heiligengrabe.de |
Местоположба на Хајлигенграбе во рамките на округот Источен пригниц-Рупин | |
Координати | 53°09′N 12°21′E / 53.150° СГШ; 12.350° ИГД |
Хајлигенграбе (германски: Heiligengrabe) — општина во округот Источен Пригниц-Рупин, во Бранденбург, Германија.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината се состои од 13 единици: Бладиков, Блезендорф, Блументал, Грабов кај Блументал, Херцшпрунг, Јабел, Кенигсберг, Либентал, Маулбервалде, Папенбрух, Розенвинкел, Верников и Цацке.
Архитектура
[уреди | уреди извор]Опатија
[уреди | уреди извор]Опатијата „Хајлигенграбе“ (Светиот Гроб; порано наречена „Техов“) била основана како цистецијански манастир во 1289 од Хајнрих, бискуп на Хафелберг и маркгрофот Отон, првично за 12 калуѓерки.
Опатијата се здобила со значително богатство и имот во областа, делумно преку приходот од поклонението и делумно преку парични прилози од благородничките семејства од областа, особено кога една од нивните ќерки ќе влегла во опатијата. Помеѓу калуѓерките биле членови и на семејствата Ганс цу Путлиц, Фон Квицов, Фон Рор, Фон Винтерфелд и Фон Блументал. Опатицата Хенриета фон Винтерфелт имала караница со војводата на Мекленбург, кој одбил да го плати долгот кон опатијата. Така, таа позајмила артилерија и му објавила војна на Мекленбург, напаѓајќи го преку блиската граница. Во време на Реформација, опатицата Ана фон Квицов не ја прифатила новата деноминација и одбила да плаќа данок.
По реформацијата, претходната функција на опатијата, обезбедување засолниште за немажените жени од локалните благороднички семејства, не прекинала со неговата секуларизација. Така, поранешната римокатоличка опатија станала лутерански женски манастир.
-
Опатиска зграда
-
Капела на крвта
-
Манастир
Друга инфраструктура
[уреди | уреди извор]Во Хајлигенграбе е кулата за набљудување Блументал, потполно изградена од дрво и отворена за јавноста во 2004.
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Црква во Блументал
-
Кула за набљудување во Блументал
-
Парк на дворецот Блументал-Хорст
-
Глинике
-
Црква во Глинике
-
Јабел
-
Црква во Јабел
-
Црква во Јабел
-
Црква во Кенигсберг
Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Хајлигенграбе на Ризницата ?
- Официјална страница
|
|