Витшток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Витшток
Стариот град на Витшток
Стариот град на Витшток
Грб на Витшток
Витшток is located in Германија
Витшток
Управа
Земја Германија
Покраина Бранденбург
Округ Источен Пригниц-Рупин
Градски единици 19
Градоначалник Јерг Герман (ДХС)
Основни податоци
Површина 417,20 км2
Надм. височина 65 м
Население 14.291 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 34 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. OPR
Пошт. бр. 16909
Повик. бр. 03394
Портал www.wittstock.de
Местоположба на градот Витшток во рамките на округот Источен Пригниц-Рупин
Карта
Координати 53°9′49″N 12°29′8″E / 53.16361° СГШ; 12.48556° ИГД / 53.16361; 12.48556Координати: 53°9′49″N 12°29′8″E / 53.16361° СГШ; 12.48556° ИГД / 53.16361; 12.48556

Витшток или службено Витшток/Досе (германски: Wittstock/Dosse) е град во округот Источен Пригниц-Рупин, во сојузната покраина Бранденбург, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Се наоѓа во областа источен Пригниц на реката Досе близу вливот со нејзината притока Глинце, околу 20 километри источно од Прицвалк и 95 километри северозападно од Берлин.

Градски единици[уреди | уреди извор]

По припојувањето на неколку села во декемвтир 1993 и повторно во октомвру 2003, Вишток станал шестиот најголем град во Германија по површина. Меѓутоа, поранешните општини Херцшпрунг и Кенигсберг, кои биле приморани да се припојат во 2003, ја постигнале својата независност повторно во 2004. Обете општини сè уште се под надзор на Витшток. Од 2005, Херцшпрунг и Кенигсберг се дел од општината Хајлигенграбен, па така големината на градот била намалена.

Моментални градски единици на Витшток се:

  • Бабиц
  • Берлинхен
  • Бизен
  • Христдорф
  • Досов
  • Дранзе
  • Фрецдорф
  • Фрајенштајн со Ној Келн
  • Гадов
  • Голдбек
  • Грос Хаслов со Клајн Хаслов и Рандов
  • Нимерланг со Течендорф и Акерфелде
  • Росов
  • Швајнрих
  • Зевеков
  • Витшток
  • Вулферсдорф
  • Цемпов
  • Цоцен

Историја[уреди | уреди извор]

Витшток настанал од словенска населба и прв пат бил споменат во декрет на Бискупијата Хафелберг во 946. Името веројатно потекнува од vysoka („високо“) на јазикот на локалните полапски племиња, кое подоцна било герминизирано во Вицток (Wiztok) (1271), Вицшток (Witzstock) (1284) и Витшток Witstock (1441), прифаќајќи го народниот изговор на долногерманскиот witt („бел“) и stock („расад“).

Градските права ги добил на 13 септември 1248 од рацете на принц-бискупот Хајнрих Први од Хафелберг, со што бил еден од најстарите градови во Бранденбург. Во 1251, Витшток го добил својот градски грб, кој бил еден од најстарите во Бранденбург. Замокот Витшток, кој бил граден од 1244 на словенски темели, служел како резиденција на бискупите од Хафелберг од 1271; исто така бил нарекуван и како Стар замок на бискупот (Alte Bischofsburg). Областа Хафелберг ја прифатила Реформацијата по смртта на католичкиот бискуп во 1548.

До Триесетгодишната војна, тврдината била сигурно упориште, додека не се нашла во средиштето на Битката кај Витшток во 1636, кога трупите на Шведска под водство на фелдмаршалите Јохан Банер и Александер Лесли ги поразиле обединетите царски и саксонски сили под водство на кнезот Јохан Георг Први. Две години подоцна се појавила и епидемија на чума со што Витшток останал уништен и загубил половина од своето население.

Повторниот развој на градот бил започнат од Фридрих Вилхелм во 1658. Околу 1750, бројни доселеници се доселиле од Виртемберг и Пфалц.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Витшток е збратимен со:

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Главна знаменитост во градот е црквата Св. Богородица изграден од тули во готски стил, која потекнува од околу 1240 година. Значително проширена како соборна црква кон крајот на 13 век и збогатена со резбан олтар од Клаус Берг, поради што била користена како катедрала од бискупите од Хафелберг.

Замокот на бискупот бил обновен во 1990-тите и денес е дом на музеј посветен на Триесетгодишната војна. Голем дел од средновековните бедеми сè го опкружуваат стариот град, вклучувајќи ја портата од 13 век, северно од градот и 2,5 километри долгите ѕидини. Височината на ѕидот, првично биле 11 метри, додека денес се од 4 до 7 метри.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]