Досе
Изглед
| Местоположба на Досе | |
| Место | североисточна Германија: Бранденбург, Саксонија-Анхалт |
|---|---|
| Должина | 96 км |
| Извор | североисточно од Мајенбург 53°19′39″N 12°16′51″E / 53.3275°N 12.28094°E |
| Висина на изворот | околу 85 м над м.н. |
| Утока | Хафел кај Хафелберг 52°47′42″N 12°12′45″E / 52.794928°N 12.21254°E |
| Слив | Елба |
| Одлив | Хафел → Елба → Северно Море |
| Слив | 1.268 км² |
| Паланки | Витшток, Вустерхаузен |
| Досе кај Витшток | |
Досе (германски: Dosse) — река во округот Источен Пригниц-Рупин во северозападниот дел на Бранденбург, Германија. Таа е десна притока на Хафел. Досе е долга 94 километри, а нејзиниот извор се наоѓа на границата помеѓу Мекленбург-Западна Померанија и Бранденбург, потекнувајќи од три мали потоци кои се соединуваат по четири километри. Главно тече кон југ, низ Витшток, Вустерхаузен и Нојштат на Досе, пред да се влие во Хафел близу Хафелберг во Саксонија-Анхалт. Вкупното сливно подрачје е 1.269 км².
На нејзините брегови во градот Витшток се случила Битката кај Витшток во 1636 помеѓу Шведска и сојузот помеѓу Светото Римско Царство и Саксонија во текот на Триесетгодишната војна.
| „Досе“ на Ризницата ? |
| Оваа статија за место во Бранденбург е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |