Герлиц (округ)
Герлиц Landkreis Görlitz | |||
---|---|---|---|
округ | |||
| |||
![]() | |||
Земја | ![]() | ||
Покраина | Саксонија | ||
Седиште | Герлиц | ||
Површина | |||
• Вкупна | 2,106 км2 (813 ми2) | ||
Население (31 декември 2020)[1] | |||
• Вкупно | 250.558 | ||
• Густина | 120/км2 (310/ми2) | ||
Часовен појас | CET (UTC+1) | ||
• Лете (ЛСВ) | CEST (UTC+2) | ||
Рег. таб. | GR, LÖB, NOL, NY, WSW, ZI | ||
Мреж. место | http://www.kreis-görlitz.de |
Герлиц (германски: Landkreis Görlitz) — округ во Саксонија, Германија. Именуван е по неговиот главен град Герлиц. Се граничи (од запад надесно) со округот Бауцен, сојузната покраина Бранденбург, со Полска и Чешка.
Историја[уреди | уреди извор]
Округот бил основан во август 2008 со спојување на трите помали окрузи: округот Лебау-Цитау, Долношлеска Горна Лужица и слободниот град Герлиц.
Географија[уреди | уреди извор]
Округот се состои од југоисточниот дел на Лужица и западниот дел од Шлеска, вклучувајќи дел од Лужичките Возвишенија. Лужичка Ниса создава дел од источната граница, додека Шпре тече низ западниот дел на округот.
Грб[уреди | уреди извор]
Грбот на округот Герлиц содржи симболи од државите кои некогаш владееле со округот. Црниот орел со полумесечина на градите се однесува на Шлеска. Крунисаниот лав со две опашки се однесува на Бохемија. Ѕидот се однесува на градот Бауцен и Горна Лужица и лисјата од липа се однесуваат на лужичката заедница.
Градови и општини[уреди | уреди извор]
Градови | Општини | ||
---|---|---|---|
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
Герлиц (округ) на Ризницата ?
- Службена страница (германски)
|
|