Прејди на содржината

Кроствиц

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кроствиц/Крушчице

Crostwitz/Chrósćicy

Грб на Кроствиц/Крушчице
Кроствиц/Крушчице во рамките на Германија
Кроствиц/Крушчице
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругБауцен
Општ. заед.Ам Клостервасер
Месни единици6
ГрадоначалникМатијас Брицке (ДХС)
Основни податоци
Површина13,32 км2
Надм. височина170 м
Население 1.026 (31 декември 2022)[1]
 - Густина77 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.BZ
Пошт. бр.01920
Повик. бр.035796
Порталwww.crostwitz.de
Местоположба на Кроствиц/Крушчице во рамките на округот Бауцен
Карта
Карта
Координати51°14′N 14°14′E / 51.233°N 14.233°E / 51.233; 14.233

Кроствиц (германски: Crostwitz, горнолужички: Chrósćicy) — општина во центарот на германскиот округ Бауцен во Саксонија. Припаѓа на регионот Горна Лужица и е еден од центрите на Лужичките Срби во Саксонија.

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото Кроствиц се наоѓа помеѓу 160 и 180 метри надморска височина на двете страни на пототкот Саткула, кој се влева во Клостервасер, недалеку оттука.

Кроствиц првпат била спомената во 1225 како седиште на Henricus de Crostiz. Во 1945, лужичкосрпската Домовина повторно била основана овде, само 5 дена откако завршила војната во овој дел на Германија.

Население

[уреди | уреди извор]

Кроствиц се наоѓа во југозападниот дел на лужичката област и е еден од центрите на Лужичките Срби. Поголемиот дел од население говори лужички како први јазик и претежно се католици.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)