Анаберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Анаберг
Landkreis Annaberg

округ
Saxony ana.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат1 август 2008
СедиштеАнаберг-Буххолц
Површина
 • Вкупна438 км2 (169 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно86,800
 • Густина200/км2 (510/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.ERZ
Мреж. местоerzgebirge-total.de/ana

Анаберг (германски: Annaberg) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од југ надесно) Чешка и окрузите Ауе-Шварценберг, Штолберг и Средни Рудни Планини. Бои на округот биле розова, зелена и сина.

Историја[уреди | уреди извор]

Во средниот век, Рудните Планини биле речиси ненаселени и покриени со густи шуми. Градовите Анаберг и Буххолц (споени во 1945 да го создадат Анаберг-Буххолц) биле основани на крајот на XVI век, поради откривањето на рудите сребро и калај. Па така, луѓето од саксонските низини се преселиле во планините и основале многу мали градови и села.

Округот Анаберг бил основан во 1874 година.

Округот Анаберг станал дел од новиот округ Рудни Планини на 1 август 2008 година. Округот Рудни Планини се состои од поранешните окрузи Анаберг, Штолберг, Ауе-Шварценберг и Средни Рудни Планини.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во западниот дел на Рудните Планини на чешко-германската граница. Се простира од високите планини на самата граница до ниските ридови на север. Градот Обервизентал е највисокиот град во Германија. Се наоѓа на падините на Фихтелберг, вториот највисок врв на Рудните Планини, на 1.214 метри.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува:
  • Горе лево: грбот на грофовијата Шенбург-Валденбург
  • Средина лево: грбот на грофовијата Вербен
  • Долу лево: грбот на грофовијата Волкенштајн; оваа фамилија како и двете гореспоменати династии имале поседи во овој дел на Рудните Планини во текот на доцниот Среден Век
  • Десно: лавот било хералдичко животно на грофовија Мајсен, претходникот на Саксонија; во овие грбови лавот држи рударска алатка со неговите предни нозе, симбилирајќи ја рударската традиција на Рудните Планини

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Анаберг-Буххолц
  2. Еренфридерсдорф
  3. Елтерлајн
  4. Гајер
  5. Јештат
  6. Обервизентал
  7. Шајбенберг
  8. Шлетау
  9. Тум
  1. Беренштајн
  2. Кротендорф
  3. Геленау
  4. Кенигсвалде
  5. Милденау
  6. Зематал
  7. Таненберг
  8. Термалбад Визенбад

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 50°34′48″N 13°00′00″E / 50.58000° СГШ; 13.00000° ИГД / 50.58000; 13.00000

|