Анаберг-Буххолц

Координати: 50°34′48″N 13°0′8″E / 50.58000° СГШ; 13.00222° ИГД / 50.58000; 13.00222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Анаберг-Буххолц
Црквата Св. Ана во Анаберг
Црквата Св. Ана во Анаберг
Црквата Св. Ана во Анаберг
Грб на Анаберг-Буххолц
Анаберг-Буххолц во рамките на Германија
Анаберг-Буххолц
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градоначалник Барбара Клепш (ДХС)
Основни податоци
Површина 27,70 км2
Надм. височина 600 м
Население 19.393 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 700 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 09456
Повик. бр. 03733
Портал www.annaberg-buchholz.de
Местоположба на градот Анаберг-Буххолц во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°34′48″N 13°0′8″E / 50.58000° СГШ; 13.00222° ИГД / 50.58000; 13.00222

Анаберг-Буххолц (германски: Annaberg-Buchholz) — град во сојузната покраина Саксонија, Германија, главен град на округот Рудни Планини.

Градот се наоѓа во Рудните Планини, на страната на Пелберг (832 м надморска височина). Има три протестантски цркви, меѓу нив Света Ана, градена 1499-1525 (која е исто така најголема од ваков вид во Саксонија), римокатоличка црква, неколку јавни споменици, меѓу нив оној на Мартин Лутер, на познатиот математичар Адам Рис и на Барбара Утман. Анаберг е добро познат по неговиот историски стар град и главниот плоштад, една куќа на самиот плоштад го покажува грбот на семејството Апиан-Беневиц.

Анаберг, заедно со соседната заедница, Буххолц, е главно седиште на плетената и индустријата за тантела во Германија, воведена од Барбара Утман во 1561 и понатаму развиена од белгиските бегалци, кои дошле во областа од нивната држава откако биле протерани. Рударството, по кое градот порано бил познат, сега е целосно прекинато. Некогаш се ископувале калај, сребро и кобалт. Неколку рудници се обновени по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 и може да се посетат од туристите. Анаберг има стручни училишта за тантела, трговија и земјоделство, како и неколку јавни училишта за момчиња и девојки.

Во 1945 година, двата града Анаберг и Буххолц се споиле во новиот град Анаберг-Буххолц.

Историја[уреди | уреди извор]

Поглед на Анаберг
Анаберг од запад

Подрачјето на градот било густо пошумено во горните Рудни Планини, кое било населено во 12-от и XIII век од франкските фармери. Првите документирани спомнувања на Фронау, Гајерсдорф и Клајнрикерсвалде, кои се сите делови на денешниот град Анаберг-Буххолц биле во 1397.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Областа е познато туристичко одредиште и скијачки центар.

Рудните Планини се наведуваат како Божиќна земја; позната по нејзините специјални таленти, Божиќните пазари и резбаните скулптури.

Музеи[уреди | уреди извор]

  • Музеј на Адам Риси Школа за сметководство во Анаберг (Rechenschule)
  • Музеј за Рудните Планини и рудник за посетување Im Gößner
  • Manufaktur der Träume
  • Markus-Röhling-Stolln рудник овозможен за посетување кај Фронау
  • Dorothea-Stolln рудник кај Кунерсдорф

Frohnauer Hammer[уреди | уреди извор]

Frohnauer Hammer е историски и потполно зачувана воденица во селото Фронау во рамките на општината. Во 1907 бил прогласен за технички споменик и оттогаш бил отворен за јавноста. Во прилог на воденицата, има и изложби на предмети од минатото и предмети од поранешниот сопственик на куќата (Hammerherrenhaus).

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Годишен главен настан во раното лето е најголемиот фолклорен фестивал во регионот, Annaberger Kät.
  • Секои две години во август се одржува Опатискиот фестивал во урнатините на опатијата Анаберг.
  • Божиќниот пазар Анаберг е широко познат надвор од регионот и се затвора со најголемата парада на рударите во светот (Bergparade).

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Анаберг-Буххолц е збратимен со:

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешна страница[уреди | уреди извор]