Тум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Тум
Плоштадот во Тум
Плоштадот во Тум
Грб на Тум
Тум is located in Германија
Тум
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градски единици 3
Градоначалник Михаел Брендел
Основни податоци
Површина 18,89 км2
Надм. височина 550-630 м
Население 5.328 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 282 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 09419
Повик. бр. 037297
Портал www.stadt-thum.de
Местоположбата на градот Тум во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Координати 50°40′16″N 12°57′5″E / 50.67111° СГШ; 12.95139° ИГД / 50.67111; 12.95139Координати: 50°40′16″N 12°57′5″E / 50.67111° СГШ; 12.95139° ИГД / 50.67111; 12.95139

Тум (германски: Thum) — мал град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Тум се наоѓа на Рудните Планини, 10 километри северозападно од Анаберг-Бухолц и 19 километри јужно од Хемниц. Јансбах, притока на Чопау тече низ градот. На север е Геленау, на исток е Дребах, јужно од Тум е градот Еренфридерсдорф. Областа Грајфенштајне се наоѓа југозападно, а Хормерсдорф и Ауербах се на запад.

Историски милјоказ во Тум

Историја[уреди | уреди извор]

Тум бил првпат споменат во 1389 година во историските списи на надбискупијата Прага. Од XIV век, рударството во некогаш густо пошумените области на Рудните Планини постојано се зголемувало, и историска книга од 1445 година го опишува Тум како мал рударски град. Неколку минерални пронаоѓалишта, две печатници и 27 рудници биле во областа на Тум. Значителни износи на аксинит биле пронајдени, кои првично биле именувани како Тумит.[2] Во 1469 година граѓаните на Тум добиле градски статус.

Последната битка од Триесетгодишната војна во Саксонија била водена на 15 јануари 1649 година близу Тум.[2] Уништувањата предизвикани од војната довело до опаѓање на рударската активност. Со опаѓањето на рударството во областа, Тум (како многу други градови и села во Рудните Планини) се свртел кон производство на дрвени играчки, како прашање на економски опстанок. Во XVIII и XIX век, текстилната индустрија била главен приход за Тум.

Во 1886, пругата со тесен колосек го поврзал Тум со Вилиштал. Оваа мрежа на Тум била дел од пругите на тесни колосеци во Саксонија и била продолжени во текот на раниот XX век.

Rittergut Dorfthum бил припоен кон Тум во 1879 година. Со зонските реформи во 1990-тите, соседните села Јансбах и Херолд биле припоени кон Тум.

Историска пиварница[уреди | уреди извор]

Првичната пиварница, основана во XIV век, била имот на црквата до 1546 година, кога била купена од страна на градот и била создадена пиварска кооператива. Оваа кооператива била распуштена во 1882 и пиварот Вилхелм Бетгер ги купил зградите и инвентарот. Купил нови пиварски згради во 1898 и го зголемил производството на 15.000 хектолитри. По смртта на Бетгер, во 1926 година неговата вдовица ја продала пиварницата повторно на градот Тум, кој не бил во состојба да пронајде купувач. Со ова завршила долгата пиварска традиција во Тум. Во 2000, брендот бил обновен под името Thumer Lager. Сега се произведува по оригинален рецепт од пиварницата во Кемниц.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Градскиот совет го одобрил моменталниот грб по припојувањето на Јансбах и Херолд.

Грбот прикажува:

  • Горе: чекан и токмак ја симболизираат рударската традиција во областа
  • Лево: хералд во левиот квадрант стои за Херолд
  • Долу: кулата стои за Тум
  • Десно: дрвото стои за Јансбах и го симболизира Gerichtslinde

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]