Прејди на содржината

Зематал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Зематал
Црква во Кранцал
Црква во Кранцал
Црква во Кранцал
Грб на Зематал
Зематал во рамките на Германија
Зематал
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругРудни Планини
Месни единици3
ГрадоначалникУдо От
Основни податоци
Површина44,45 км2
Надм. височина700−800 м
Население 6.167 (31 декември 2022)[1]
 - Густина139 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.ERZ
Пошт. бр.09465
Повик. бр.037342
Порталwww.sehmatal.de
Местоположба на Зематал во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати50°31′0″N 12°59′0″E / 50.51667°N 12.98333°E / 50.51667; 12.98333

Зематал (германски: Sehmatal) — општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија, која била создадена во 1999 преку спојување на Нојдорф, Кранцал и Зема. Трите села се наоѓаат долж реката Зема, во правец на север-југ. На северниот крај е поранешната општина Зема, во средина градот Кранцал, а на југ е селото Нојдорф.

Градот се граничи со Анаберг-Буххолц на југ, на исток се Кенигсвалде и Беренштајн, Обервизентал е на југ, а Кротендорф на запад. Близу е планината Беренштајн со висина од 898 метри. Железничката линија Долина на Чопау застанува во Зема и Кранцал. На станицата во Кранцал е почетната точка на железничката линија Фихтелберг до Обервизентал.

Нојдорф е роден град на олимпискиот добитник на злато Виола Бауер.

Збратимен град на Зематал е Ранинг Спрингс (Калифорнија) во САД.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)