Јохангеоргенштат

Координати: 50°26′0″N 12°42′50″E / 50.43333° СГШ; 12.71389° ИГД / 50.43333; 12.71389
Од Википедија — слободната енциклопедија
Јохангеоргенштат
Знаме на Јохангеоргенштат
Грб на Јохангеоргенштат
Јохангеоргенштат во рамките на Германија
Јохангеоргенштат
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градски единици 12
Градоначалник Холгер Хашек (СДП)
Основни податоци
Површина 29,59 км2
Надм. височина 650−1.000 м
Население 3.879 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 131 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08349
Повик. бр. 03773
Портал www.johanngeorgenstadt.de
Местоположба на градот Јохангеоргенштат во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°26′0″N 12°42′50″E / 50.43333° СГШ; 12.71389° ИГД / 50.43333; 12.71389

Јохангеоргенштат (германски: Johanngeorgenstadt) — рударски град во Рудните Планини во сојузната покраина Саксонија, 17 километри јужно од Ауе и 27 километри северозападно од Карлови Вари. Припаѓа на округот Рудни Планини и сместен е на самата граница со Чешка. Тој е покраинско препорачен здравствен центар (Erholungsort), а самиот се именува како Stadt des Schwibbogens.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се протега на источниот гребен од приближно 900 метри високиот Фастенберг, каде Брајтенбах ја создава границата со Чешка, кој се влева во реката Шварцвасер. Најблиската висока планина до градот е 1.019 високиот Ауерсберг, 1.043 метри восикиот Блатенски врв (на чешки) или Платенберг (на германски) и 913 метри високиот Рабенберг.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Општини во Ерцгебиргскрајс кои се граничат со Јохангеоргенштат се Брајтенбрун, Ајбеншток и Зоза. Чешката општина Потучки исто така се граничи со Јохангеоргенштат.

Составни делови[уреди | уреди извор]

Јохангеоргенштат се состои од Алтштат (локално нарекуван Sockendorf), Мителштат, Нојштат, Југел (Обер- и Унтерјугел), Хенеберг, Витѕигстал, Пахтхаус, Хајмберг (со Килигут), Штајгердорф (со Хаберландмиле), Штајнбах и Заушвеме. Поранешното село Нојоберхаус денеска е напуштено и ненаселено.

Историја[уреди | уреди извор]

Exulantenkirche

На 23 февруари 1654 во Анабург, основањето на Јохангеоргенштат на гребенот Фастенберг било одобрено од изборниот кнез Јохан Георг I на Саксонија. Од 1680, имало околу 100 рудници во градот и околината. Биле откриени сребро и калај, кои го достигнале својот максимум во откривањето околу 1715, а почнале да опаѓаат во текот на XVIII век.

По двете слободни години во 1656, изборниот кнез на Саксонија се откажал од акцизи, „Schock“ (стара валута во Саксонија) и даноци на пиењето до почетокот во XVIII век, поради големата сиромаштија во градот. Големата глад во Рудните Планини во 1771 и 1772 однела над 650 животи во Јохангеоргенштат.

Веќе во 1651 во денешната составна единица Витигстал, започнала со работа една челичарница, а од 1828, Карл Готхилф Нестлер (1789–1864) ја поставил првата потполно функционална валавница во Haberlandmühle. Во XIX век започнало производството на чипки и кожени ракавици. На 19 август 1867, катастрофалниот голем пожар уништил 287 од вкупните 355 градови и однел над 12 животи.

Првата германска ски-скокалница била изградена во 1929, близу Јохангеоргенштат. Го добила името „Hans-Heinz-Schanze“. Во 1934, поранешната напуштена рударска индустрија започнала повторно со работа. Во Втората светска војна, со одземање на хотелот „Deutsches Haus“ на сопственикот Артур Краутман, градот станал дом на воена болница. Исто така, во градот бил сместен и подкамп на концентрациониот камп Флосенбирг, во кого умреле повеќемина затвореници.

Место каде првпат бил откриен ураниумот (1789)

Почнувајќи во 1945, со основањето на SAG Wismut, а подоцна и на SDAG Wismut за рудникот за ураниум, градот остварува голем пораст. Голем дел од Стариот град морал да биде срушен помеѓу 1953 и 1960, поради рударските штети и изградбата на новите станбени области.

Од 1952 до 1957, Јохангеоргенштат бил слободен град, додека подоцна бил интегриран во округот Шварценберг (подоцна Ауе-Шварценберг, сега Ерцгебиргскрајс).

Затворањето на многу бизниси започнало во 1990, како и на одредени цели индустрии, што се одразило на големо намалување на населението. Ова довело до уништување на многу празни фабрики и станбени блокови. Овие мерки се одразиле на неколку градски културни споменици: Рударскиот склад, изграден помеѓу 1806 и 1812 и поштеден од големиот пожар во 1867, бил срушен со одлука на градскиот совет.

Припојувања[уреди | уреди извор]

  • 1935: Југел и Витигстал
  • 1952: Штајнбах

Население[уреди | уреди извор]

Движење на населението

Движење на населението низ годините (од 1955 на 31 декември):

1815 до 1946

  • 1815 – 2.979
  • 1834 – 3.433
  • 1871 – 4.083
  • 1890 – 5.124
  • 1910 – 6.188
  • 1938 – 7.111
  • 1939 – 8.861
  • 1946 – 6.559 1

1950 до 1971

  • 1950 – 32.870 2
  • 1953 – 45.000
  • 1955 – 21.480
  • 1957 – 12.106
  • 1959 – 10.763
  • 1961 – 10.661
  • 1964 – 10.849
  • 1971 – 10.797

1974 до 2006

  • 1974 – 10.328
  • 1976 – 10.025
  • 1998 – 6.834
  • 1999 – 6.609
  • 2000 – 6.306
  • 2001 – 6.100
  • 2002 – 5.928
  • 2003 – 5.748
  • 2004 – 5.566
  • 2005 – 5.408
  • 2006 – 5.199
Извор од 1946 до 1976 (освен 1953): Statistische Jahrbücher der Deutschen Demokratischen Republik
Извор од 1998: Statistisches Landesamt des Freistaates Sachsen

1 29 октомври
2 31 август

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Музеи[уреди | уреди извор]

Недалеку од Schwefelwerkstraße се наоѓа рекреативното подрачје, обновено на 30 октомври 1993, со историскиот коњска куќа и другите помошни градби, кои можат да се посетат. Во близина на рекреативното подрачје се наоѓаат определени гранични камења од минатото, со кое се определувала територијата на државите.

Исто така на Schwefelwerkstraße во средиштето на градот е Heimat-Stube, музеј за локалната уметност.

Во Bahnhofsgebäude (железничката станица), изградена во 1898 и 1899 и обновена по пожарот во 1993, се одржуваат најразлични изложби.

Исто така постои и рудник отворен за посетители во Витигстал, наречен „Frisch Glück“.

Музика[уреди | уреди извор]

Јохангеоргенштат е местото од каде што доаѓа фолклорната група De Randfichten од Рудните Планини, иако само еден од трите музичари, Михаел Ростиг, всушност живее во градот.

Во рамките на Erzgebirgszweigverein, хорска група предводена од пензионираниот наставник Еберхард Милер, е активен.

Природни споменици[уреди | уреди извор]

Поглед на градот (пред 1917)
  • Областа Kleiner Kranichsee во Хенеберг
  • Ауерсберг (1.019 м) со кула за набљудување и планински хотел
  • Областа „Himmelswiese“ близу Брајтенбрун-Халбемајле
  • Preißhausbuche на стариот поштенски пат до Брајтенбрун

Редовни настани[уреди | уреди извор]

Schwibbogen
  • Јануари: Grenzlauf (Гранична прошетка)
  • Faschingszeit: различни настани за посетителите
  • 23 февруари: Денот на основањето со рударска парада
  • Март: Auersberglauf (Ауерсберг прошетка)
  • Јули: Gugler Fast
  • Август: Фестивал во Стариот град или „Sockendorf“
  • Schwibbogenfest (Божиќен пазар)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Тековно население по општини во 2020 г.“. Статистичка служба на Саксонија. јуни 2020. (германски)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]