Гринхајн-Бајерфелд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гринхајн-Бајерфелд
Црквата Св. Никола во Гринхајн
Црквата Св. Никола во Гринхајн
Грб на Гринхајн-Бајерфелд
Гринхајн-Бајерфелд се наоѓа во Германија
Гринхајн-Бајерфелд
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Рудни Планини
Градски единици 3
Градоначалник Јоаким Рудлер (CDU)
Основни податоци
Површина 22,26 км2
Надм. височина 505 м
Население 6.022 (Грешка: погрешен формат за време)[1]
 - Густина 271 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. ERZ
Пошт. бр. 08344
Повик. бр. 03774
Портал www.gruenhain-beierfeld.de
Местоположбата на градот Гринхајн-Бајерфелд во рамките на округот Рудни Планини
Карта
Координати 50°34′00″ СГШ 12°48′00″ ИГД / 

Гринхајн-Бајерфелд (германски: Grünhain-Beierfeld) — град во округот Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија, кој се наоѓа 8 километри источно од Ауе. Настанал на 1 јануари 2005 година со спојување на градот Гринхајн и општината Бајерфелд.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа во североисточниот дел на округот. Највисока точка во градот е Шпигелвалд (шума) на 738 метри надморска височина.

Соседни заедници[уреди | уреди извор]

На север, градот се граничи со Цвениц, на исток со Елтерлајн, на југ со Рашау, на југозапад со Шварценберг на запад со Бернсбах и Лесниц.

Составни делови[уреди | уреди извор]

Гринхајн-Бајерфелд има три составни дела:

  • Бајерфелд
  • Гринхајн
  • Вашлајте

Историја[уреди | уреди извор]

Бајерфелд[уреди | уреди извор]

Областа околу Бајерфелд била населена во XII век. Како многу други места во Рудните Планини, Бајерфелд бил само едно шумско село (Waldhufendorf). Името на градот потекнува од баварските доселеници (првите два слога, „Beier“ се изговараат на ист начин како германскиот збор Bayer, што означува „баварски“). Во 1233 година, Бајерфелд станал манастирско место со Мајнхард II од Вирбене на гринхајнската опатија. Така, игуменот на Гринхајн ја одржил јурисдикцијата над заедницата до Реформацијата.

Меѓутоа, кога дошло рударството, започнал и преминот од чисто земјоделска заедница на индустриска. Зголемувањето на добивките на производителите на прибори за јадење во XVII и XVIII век, како и на индустријата за плочки во XIX век, го направиле градот главна точка на бизнисот. Од почетоците на рачно изработени куќни и кујнски машини, пораснало фабричкото производство во големи претпријатија на почетокот на XX век.

Гринхајн[уреди | уреди извор]

Манастирски ѕид во Гринхајн

Гринхајн првпат бил споменат во 1150 година. Локацијата на солениот пат од Хале до преминот Пресниц и понатаму до Бохемија ги натерала Систерците да дојдат тука и да основаат манастир. Во 1276 година, Гринхајн ги добил градските права. До 15 век, манастирот го проширил своето поле на влијание, главно преку донации. На почетокот на Реформацијата, манастирот зел под своја закрила 56 села и три градови. Реформацијата и Триесетгодишната војна биле крајот на манастирот.

Вашлајте[уреди | уреди извор]

Вашлајте бил првпат документиран во 1531. Веќе од XIII век, рударството започнало во долината Освалд, каде се наоѓа Вашлајте. Покрај среброто, калајот и железото, подоцна почнал да се ископува и мермер. Рударството продолжило до 1920. Рударството има свое влијание и во името на местото, кое се однесува на операцијата миење на рудата на гребен.

Припојувања[уреди | уреди извор]

На 1 јануари 1999 година, Вашлајте се споил со Бајерфелд.

На 1 јануари 2005 година, Гринхајн и Бајерфелд се споиле, така што дошло и до промена на името во Гринхајн-Бајерфелд.

Култура и знаменитости[уреди | уреди извор]

Црквата Св. Петар и Павле во Бајерфелд
Руини на Дуделскирхе (Dudelskirche) во Вашлајте

Музеи[уреди | уреди извор]

  • Изложбата Zur Heimatecke во Вашлајте
  • Рудникот Herkules-Frisch-Glück во Вашлајте
  • Музеј на Црвениот Крст во Бајерфелд

Музика[уреди | уреди извор]

  • Original Grünhainer Jagdhornbläser

Градби[уреди | уреди извор]

  • Остатоци од систерцерски манастир во Гринхајн
  • Руини од црквата Свети Освалд (Dudelskirche) во Вашлајте
  • Црква Св. Петар и Павле во Бајерфелд
  • Црква Св. Никола во Гринхајн
  • Кула Крал Алберт (König-Albert-Turm)

Паркови[уреди | уреди извор]

  • Природен парк Вашлајте

Спорт[уреди | уреди извор]

  • Природен базен Гринхајн

Редовни настани[уреди | уреди извор]

  • Löffelmacherfest во Бајерфелд (фестивал на производителите на лажици)
  • Klosterfestspiele во Гринхајн („манастирски игри“)
  • Harzerfest во Вашлајте

Трите фестивали се одржуваат по ред, секоја година.

Поглед од Шпигелвалд над Гринхајн (во позадина е Schatzenstein)

Економија и инфраструктура[уреди | уреди извор]

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Гринхајн-Бајерфелд не е поврзан со ниедна друга општина со сојузен автопат; меѓутоа, најважните патни врски се со Шварценберг, близу кого поминува сојузниот автопат Б101 и патот до Цвениц.

Медиуми[уреди | уреди извор]

  • Кабел Журнал (Kabel Journal)

Образование[уреди | уреди извор]

  • 2 основни училишта
  • 1 средно улилиште
  • 1 стручен училиштен центар

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Јохан Херман Шајн

Родени во градот[уреди | уреди извор]

Луѓе поврзани со градот[уреди | уреди извор]

  • Кунц фон Кауфунген (околу 1410-1455) — организатор на грабежот на кнежеството Алтенбург, фатен близу Вашлајте
  • Јохан Габриен Лебел (1635–1696) — сопственик на стакларница и производител на железо, умрел во Гринхајн
  • Томас Келер (1940- ) — двоен олимписки медалист во санкање, живеел во Бајерфелд
  • Ортрун Ендерлајн (1943- ) — натпреварувач во санкање, работел во Бајерфелд

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]