Бернсбах
Бернсбах | |
Место во Лаутер-Бернсбах | |
Административна зграда во Бернсбах | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Рудни Планини |
Град | Лаутер-Бернсбах |
Основни податоци | |
Површина | 8,75 км2 |
Надм. височина | 394−728 м |
Население | 4.480 (31 декември 2011) |
- Густина | 512 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | ERZ |
Пошт. бр. | 08315 |
Повик. бр. | 03774, 03771 |
Координати | 50°34′59″N 12°46′0″E / 50.58306° СГШ; 12.76667° ИГД |
Бернсбах (германски: Bernsbach) — село и поранешна општина во округот Рудни Планини, во Саксонија, Германија, која заедно со нејзиниот составен дел Оберпфаненштил има околу 4.700 жители. Од 1 јануари 2013 година е дел од градот Лаутер-Бернсбах.
Географија
[уреди | уреди извор]Општината се протега од долината на реката Шварцвасер до Шпигелвалд (шума) на 728 метри надморска височина, така нудејќи добар поглед над градовите во Рудните Планини, Ауе и Шварценберг. Така го добил прекарот „Балкон на Рудните Планини“ (Balkon des Erzgebirges).
Историја
[уреди | уреди извор]Се верува дека Бернсбах е основан околу 1200 година од франкиските доселеници. Првпат бил споменат во документите во 1240 година, под името Вернхардиспах (Wernhardispach). Околу 1460 година, бил именуван во терминската книга составена од Францисканците од Цвикау како Пернсбах (Pernsbach). Во ова време, Бернсбах припаѓал на опатијата Гринхајн, по чие распуштање во 1536 година преминал во Амт Гринхајн. Во 1874 година, општината била назначена како Амт, а од 1950 година припаѓала на округот Ауе.
Од 1679 година до 1681 година, била изградена црква во средината на општината, така одделувајќи го Бернсбах од соседната општина Бајерфелд, на чија парохија припаѓал дотогаш.
Во текот на рударските денови биле ископувани железо, сребро и сулфур. Рудите биле преработувани од топилницата. Околу 1538 година, се населиле рудари и топилничари, така носејќи ја нивната вештина за ракување со метал и менувајќи ја структурата на некогашната чисто земјоделска структура.
Понатаму во XVII век, градот доживеал голем пораст во трговијата. Во годините околу 1800 година, во Бернсбах започнале печатење на службените поштенски марки и грбовите. Со доаѓањето на железничката линија од Цвениц до Шајбенберг во 1900 година, со што настанал и пораст на жителите.
Во 1987 година, општината ја прославила 750-годишнината, заснована на спомнувањето во 1237 година.
Население
[уреди | уреди извор]Следниве бројки се однесуваат за состојбата на 31 декември во дадената година.
1982 to 1988
|
1989 to 1995
|
1996 to 2002
|
2003 to 2006
|
- Извор: Статистичка служба на Саксонија
Партнертсво
[уреди | уреди извор]Клубови
[уреди | уреди извор]- СВ Саксонија Бернсбах
- ТВ 1864 Бернсбах (гимнастички клуб)
- Бернсбахер Музикантен
Познати луѓе
[уреди | уреди извор]- Карл Волф, германски национален фудбалер за фудбалскиот тим на Источна Германија
- Зигфрид Волф, германски национален фудбалер за фудбалскиот тим на Источна Германија
- Армин Хертел, прв бискуп на Обединетата методистичка црква во Источна Германија од 1970 до 1986.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|