Средни Рудни Планини (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Средни Рудни Планини
Landkreis Mittlerer Erzgebirgskreis

Округ
Saxony mek.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
Адм. цент.Маринберг
Површина
 • Вкупна595.36 км2 (229.87 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно93,483
 • Густина160/км2 (410/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.MEK
Мреж. местоhttp://www.erzgebirge-mek.de

Средни Рудни Планини (германски: Mittlerer Erzgebirgskreis) — поранешен округ (Kreis) во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од запад надесно) окрузите Анаберг, Штолберг, слободниот град Кемниц и округот Фрајберг. На југ се граничел со Чешка (Карловарски крај).

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на поранешните окрузи Маринберг и Чопау. На 1 август 2008 година бил споен во новиот округ Рудни Планини.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓал на Рудните Планини (Erzgebirge). Највисоката точка е 891 метар високиот Хиртштајн (Hirtstein), додека најниската точка со 305 метри се наоѓа во Вичдорф. 40% од округот е покриен со шуми.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот покажува три симболи на типичните индустрии во округот. На лево е тркало, симболизирајќи ги водениците, кои биле раширени низ округот, како и симбол за модерните индустрии. Дрвото на лево е за многуте шуми и дрвната индустрија, додека чеканите долу се рударски симбол, бидејќи округот бил центар на рудартвото.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Ленгефелд
  2. Маринберг
  3. Олбернхау
  4. Волкенштајн
  5. Цеблиц
  6. Чопау
  1. Амтсберг
  2. Бернихен
  3. Борстендорф
  4. Дојчнојдорф
  5. Дребах
  6. Горнау
  7. Гросолберсдорф
  8. Гросрикерсвалде
  1. Гринхајнихен
  2. Хајдерсдорф
  3. Пфафрода
  4. Поберсхау
  5. Покау
  6. Зајфен
  7. Венусберг
  8. Валдкирхен

Надворешни врски[уреди | уреди извор]