Мулдентал (округ)
| Мулдентал Muldentalkreis | |
|---|---|
| округ | |
| Земја | |
| Покраина | Саксонија |
| Укинат | 01.08.2008 |
| Седиште | Грима |
| Површина | |
| • Вкупна | 892,62 км2 (344,64 ми2) |
| Население (2001) | |
| • Вкупно | 135,459 |
| • Густина | 150/км2 (390/ми2) |
| Час. појас | CET (UTC+1) |
| • Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
| Рег. таб. | MTL |
| Мреж. место | http://www.lra-mtl.de |
Мулдентал (германски: Muldentalkreis) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Делич, Торгау-Ошац, Дебелн, Митвајда и Лајпциг.
Историја
[уреди | уреди извор]Корените на округот се од Амт Грима (Amt Grimma), кој бил создаден во 1832 година и подоцна бил преименуван во округ. Градот Вурцен станал слободен град во периодот 1926-1945. Во 1952 година областа околу Вурцен била поделена од округот Грима. Овој дел бил повратен во 1994 година, кога двата претходни окрузи Грима и Вурцен биле повторно споени. Неколку општини од други окрузи околу Бад Лаузик биле исто така додадени кон округот. Во август 2008 година, станал дел од новиот округ Лајпциг.
Географија
[уреди | уреди извор]Округот бил именуван по неговата главна река, Мулде — името Мулдентал (Muldental) означува „долина на Мулде“. Мулде извира јужно од округот со спојување на два водотека Фрајбергер Мулде и Цвикауер Мулде и тече низ округот во насока кон север.
Грб
[уреди | уреди извор]Градови и општини
[уреди | уреди извор]| Градови | Општини |
|---|---|
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјална страница Архивирано на 21 јули 2002 г. (германски)
|
| ||||||||||||||||||
| ||||||||
