Вурцен
Вурцен | |
![]() | |
![]() | |
Управа | |
Земја | Германија |
---|---|
Покраина | Саксонија |
Округ | Лајпциг |
Градски единици | 5 |
Градоначалник | Јирген Шмит (ДХС) |
Основни податоци | |
Површина | 68,54 км2 |
Надм. височина | 124 м |
Население | 16.614 (31 декември 2022)[1] |
- Густина | 242 жит/км2 |
Други информации | |
Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
Рег. табл. | L |
Пошт. бр. | 04808 |
Повик. бр. | 03425, 034261 |
Портал | www.wurzen.de |
Местоположба на градот Вурцен во рамките на округот Лајпциг | |
![]() | |
Координати | 51°22′N 12°43′E / 51.367°N 12.717°E |
Вурцен (германски: Wurzen) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Мулде, 25 километри источно од Лајпциг. Има катедрала, која потекнува од XII век, замок, некогашна резиденција на бискупите од Мајсен и подоцна користен како суд, неколку школи, земјоделска школа и како полициска станица со затвор.
Основан по 600 година од Словените, Вурцен за првпат е споменат во документ за дарување од Отон I во 961 како „Burgward“ civitas vurcine. Станал град во раниот XII век, кога бискупот од Мајсен ја основал соборната црква тука. Во 1581 година преминал во Изборното кнежевство Саксонија. Во текот на Триесетгодишната војна (1637) бил опколен од шведската армија и за малку целосно запален.
Во 1768, Гете патувал од Лајпциг до Дрезден и назад низ Вурцен. Долгото чекање за фериботот го инспирирало за преминот во неговото прво издание на Faust.
На 31 јули 1838 година Вурцен бил поврзан со првата железница на долги одредишта (Лајпциг-Дрезден, отворена 7 април 1839). Така, првиот железнички мост во Германија бил изградена над реката Мулде.
Меѓународни односи
[уреди | уреди извор]Вурцен е збратимен со следниве градови:
Барзингхаузен, Германија
Варштајн,Германија
Тамаси, Унгарија
Главни знаменитости
[уреди | уреди извор]- Соборна црква Св. Богородица (катедрала, осветена 1114)
- Лутеранска црква Св. Венцеслав (XVI/XVII век)
- Католичка црква Исусово Срце (осветена 1902)
- Замок Вурцен (од 1497 до 1581 повремено резиденција на бискупот на Дрезден-Мајсен, пример за доцна готска архитектура)
- Куќа Лосов (историско-културен музеј)
- Родната куќа на баснописецот Магнус Готфрид Лихтвер на плоштадот Катедрла (XVII век)
- Поранешна пошта од Електоратот Саксонија со амблем на портата (1734)
- Класично градско собрание (по пожарот 1803). Денес библиотека и галерија на градот.
Познати жители
[уреди | уреди извор]- Кристина Дерфер (родена 1984) — пејачка и глумица
- Вилхелм Фишер (1796–1884) — саксонски рударски инспектор
- Фриц Гајслер (1921–1984) — композитор, најпознат симфониски музичар во ГДР
- Херман Илген (1856–1940) — аптекар и претприемач
- Магнус Готфрид Лихтвер (1719–1783) — правник и еден од најважните германски баснописци
- Јоаким Рингелнац (1883–1934) — автор и сликар
- Ото Георг Тирак (1889–1946) — претседател на Народниот суд од 1936 до 1942 и последен министер за правда во Третиот Рајх
- Теофор Улиг (1822–1853) — музичар, текстописец и композитор
- Зигфрид Хорн (1908–1993) — археолог
- Бернд Вагнер (роден 1948) — автор
Наводи
[уреди | уреди извор]- јавна сопственост: Chisholm, Hugh, уред. (1911). . Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е
- ↑ „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Вурцен на Ризницата ?
- Службена страница на градот Вурцен (германски)
- Вурцен на стари поштенски карти Архивирано на 5 февруари 2007 г. (германски)
- Историја за замокот Вурцен Архивирано на 9 октомври 2007 г. (германски)
|
|