Прејди на содржината

Гројцш

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гројцш
Градско собрание во Гројцш
Градско собрание во Гројцш
Градско собрание во Гројцш
Грб на Гројцш
Гројцш во рамките на Германија
Гројцш
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругЛајпциг
Градски единици28
ГрадоначалникМајк Кунце (ДХС)
Основни податоци
Површина70,06 км2
Надм. височина152 м
Население 7.551 (31 декември 2022)[1]
 - Густина108 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.L
Пошт. бр.04539
Повик. бр.034296
Порталwww.groitzsch.de
Местоположба на градот Гројцш во рамките на округот Лајпциг
Карта
Карта
Координати51°9′20″N 12°16′50″E / 51.15556°N 12.28056°E / 51.15556; 12.28056

Гројцш (германски: Groitzsch) — град во округот Лајпциг, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија и сообраќај

[уреди | уреди извор]

Градот се наоѓа на реката Вајсе Елстер, 20 километри североисточно од Цајц и 25 километри југозападно од Лајпциг. Б176 поминува низ Гројцш, додека Б2 низ неговите единици Кобшиц и Аудигаст. Новиот автопат Б38 е околу 15 километри оддалечен.

Историја

[уреди | уреди извор]

Првичното лужичко име било Гројсца (Groisca).

Најстарите археолошки пронајдоци за градот се од 4.000 години пред нашата ера. По населувањето на западниот саксонски регион во праисториско време, Словените дошле во овој регион по миграцијата на Германите во VII век, кои се појавуваат во изворите како Лужички Срби. Во текот на источното населување во раниот среден век, населението се измешало со доселеници од Тирингија и Франконија. Во историјата на градот се бележат и траги на Евреи.

Градот бил првпат споменатв во 1039 во познатите Пегауер Анали.

Познати луѓе

[уреди | уреди извор]
  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]