Штолберг (округ)

Координати: 50°42′36″N 12°46′48″E / 50.71000° СГШ; 12.78000° ИГД / 50.71000; 12.78000
Од Википедија — слободната енциклопедија
Штолберг
Landkreis Stollberg

округ
Грб на Штолберг Landkreis Stollberg
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат1 август 2008
СедиштеШтолберг
Површина
 • Вкупна266,49 км2 (102,89 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно93,041
 • Густина350/км2 (900/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (ЛСВ)CEST (UTC+2)
Рег. таб.STL
Мреж. местоlandkreis-stollberg.de

Штолберг (германски: Stollberg) — поранешен округ во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) слободниот град Кемниц, и окрузите Средни Рудни Планини, Анаберг, Ауе-Шварценберг, Цвикау и Кемниц.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот потекнува од Amtshauptmannschaft Stollberg, кое било основано во 1910 година. Во 1939 година, бил преименуван во округ (Landkreis). Во 1950 година округот бил распуштен и неговите општини биле назначени на соседните окрузи Ауе, Кемниц и Цвикау. Меѓутоа, две години подоцна во друга окружна реформа, повторно бил создаден, со незначителни разлики. Во општинската реформа од 1994 година, кон округот биле припоени определени општини од округот Кемниц и градот Цвениц од округот Ауе. На 1 август 2008 година, бил припоен кон новиот округ Рудни Планини.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓал на северозападните падини на Рудните Планини.

Партнерство[уреди | уреди извор]

Од 1990 година, округот има партнерство со округот Фирт во Баварија.

Грб[уреди | уреди извор]

Левата половина на грбот го покажува симболот на Грофовијата Шенберг - тоа покривало најголем дел од областа на округот. На десно е царскиот орел симболизирајќи го „Pleissenland“, царски имот. Боите на десната страна се исто така идентични со оние на Мајсен, како другиот дел на округот, кој историски припаѓа на Грофовијата Мајсен.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Лугау
  2. Елсниц
  3. Штолберг
  4. Талхајм
  5. Цвениц
  1. Ауербах
  2. Буркхартсдорф
  3. Ерлбах-Кирхберг
  4. Горнсдорф
  5. Хондорф
  6. Хормерсдорф
  7. Јансдорф
  8. Нојкирхен
  9. Нидердорф
  10. Нидервиршниц

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

50°42′36″N 12°46′48″E / 50.71000° СГШ; 12.78000° ИГД / 50.71000; 12.78000