Риза-Гросенхајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Риза-Гросенхајн
Landkreis Riesa-Großenhain

Округ
Saxony rg.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
Адм. цент.Гросенхајн
Површина
 • Вкупна820.51 км2 (316.80 ми2)
Население (2001)
 • Вкупно120,539
 • Густина150/км2 (380/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.RG
Мреж. местоhttp://www.riesa-grossenhain.de

Риза-Гросенхајн (германски: Riesa-Großenhain) — поранешен округ (Kreis) во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од север надесно) окрузите Елба-Елстер и Горен Шпревалд-Лужица во сојузната покраина Бранденбург и Каменц, Мајсен, Дебелн и Торгау-Ошац во Саксонија.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил создаден во 1994 година со спојување на двата претходни окрузи Риза и Гросенхајн. Во август 2008, бил припоен кон округот Мајсен.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓа во низина, северно од виртуелната линија, која ги поврзува Лајпциг и Дрезден. Главна река е Елба, која тече низ округот од југ кон северозапад.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Гранките од липа во левиот дел на грбот ја симболизираат природата на округот и исто така симбол за Риза, бидејќи биле присутни во грбот на Риза од 1623. Црниот лав на жолта основа е за Гросенхајн, бидејќи бил присутен во грбот на градот Гросенхајн. Запченикот долу ја симболизира индустриската традиција во округот, главно производствот на железо и челик, инженерство и текстил.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Гредиц
  2. Гросенхајн
  3. Риза
  4. Штрела
  1. Еберсбах
  2. Глаубиц
  3. Хирштајн
  4. Лампертсвалде
  5. Наувалде
  6. Нинхриц
  7. Пристевиц
  8. Редерауе
  9. Шенфелд
  1. Штаухиц
  2. Тауша
  3. Тиндорф
  4. Вајсиг на Рашиц
  5. Вилденхајн
  6. Вилкниц
  7. Цабелтиц
  8. Цајтхајн

Надворешни врски[уреди | уреди извор]