Гросенхајн

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Гросенхајн
Градско собрание на Гросенхајн
Градско собрание на Гросенхајн
Грб на Гросенхајн
Гросенхајн се наоѓа во Германија
Гросенхајн
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Мајсен
Градски единици 5
Градоначалник Буркхард Милер (CDU)
Основни податоци
Површина 96,79 км2
Надм. височина 122 м
Население 18.352 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 190 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. MEI
Пошт. бр. 01558
Повик. бр. 03522
Портал www.grossenhain.de
Местоположбата на градот Гросенхајн во рамките на округот Мајсен
Карта
Координати 51°17′00″ СГШ 13°33′00″ ИГД / 

Гросенхајн (германски: Großenhain) — град во округот Мајсен, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Историја[уреди | уреди извор]

Гросенхајн првично била лужичка населба. Првпат бил споменат во 1205.[2] Едно време бил окупиран од Бохемија, при што бил силно утврден. Потоа преминал во посед на грофовите од Мајсен, од кого во 1312 бил преземен од грофовите од Бранденбург. Во средниот век, Гросенхајн бил еден од најмоќните градови во Саксонија. Значително настрадал во сите големи германски војни и во 1744 бил скоро целосно уништен од пожар. На 16 мај 1813, се водела голема битка помеѓу Французите и Русите.

Географија[уреди | уреди извор]

Гросенхајн се наоѓа на реката Редер, 30 километри северозападно од Дрезден и 17 километри источно од Риза. Исто така, се наоѓа на Вија Регија од Герлиц до Сантјаго де Компостела.

Градски единици[уреди | уреди извор]

  • Наундорф
  • Фолберн
  • Ростиг
  • Чишен
  • Милбиц
  • Клајнрашиц
  • Гросрашиц
  • Скаса
  • Весниц
  • Чауиц

Економија[уреди | уреди извор]

Funke & Will AG се наоѓа во Гросенхајн и е познат по производството на автомобилите Yes! Roadster.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Постојат две железнички станици во Гросенхајн. Железничката станица Großenhain Berliner Bahnhof е надвор од употреба од 2002, единствено Großenhain Cottbusser Bahnhof е опслужувана со возови од Дрезден до Елстерверда, Котбус и Хојерсверда.

Гросенхајн е поврзан со Bundesstraße 98 и Bundesstraße 101.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

  • Карл Бенџамин Пројскер (1786–1871): основач на првата јавна библиотека во Германија (1828)
  • Манфред фон Рихтхофен (1892–1918): германски борбен пилот познат како Црвениот барон, бил трениран на локалниот аеродром
  • Корина Харфух (*1954): германска актерка, тука го поминала нејзиното детство
  • Хајно (*1938): германски изведувач на шлагери, тука го поминал неговото детство

Наводи[уреди | уреди извор]

Public Domain Оваа статија вклучува текст од издание кое сега е во јавна сопственост„“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.


Надворешни врски[уреди | уреди извор]