Делич (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Делич
Landkreis Delitzsch

Округ
Saxony dz.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
Укинат01.08.2008
Адм. цент.Делич
Површина
 • Вкупна852 км2 (329 ми2)
Население (2000)
 • Вкупно129,100
 • Густина150/км2 (390/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.DZ
Мреж. местоlradelitzsch.de

Делич (германски: Delitzsch) — поранешен округ (Kreis) во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се граничел со (од исток надесно) окрузите Торгау-Ошац и Мулдентал, слободниот град Лајпциг, округот Лајпциг и покраината Саксонија-Анхалт (окрузи Зале, Анхалт-Битерфелд и Витенберг).

Историја[уреди | уреди извор]

По Виенскиот конгрес во 1815 година, Саксонија била принудена да даде голем дел од својата територија на Прусија. Пруската влада основала окрузи во новододелените земји, меѓу нив и округот Делич.

Државата Прусија била распуштена на крајот на нацистичката ера и била основана новата покраина Саксонија-Анхалт, каде Делич припаѓал. Во 1953 година, владата на Источна Германија ги распуштила сите покраини. Тие биле повторно воспоставени по повторното обединување на Германија во 1990 година, но Делич и Ајленбург (два окрузи создадени од поранешниот округ Делич) биле првично доделени на Саксонија, наместо на Саксонија-Анхалт. Двата окрузи биле споени повторно во 1994 година и ги создале сегашните граници.

Во август 2008 година, како дел од реформата на окрузите во Саксонија, окрузите Делич и Торгау-Ошац биле споени во новиот округ Северна Саксонија.

Географија[уреди | уреди извор]

Округот се наоѓал во триаголникот помеѓу метрополите Лајпциг, Хале и Битерфелд. Се состои од низински пејзаж, кој главно се употребува во земјоделски цели. Постои многу мала урбанизација во округот. Реката Мулде тече низ најисточниот дел од округот. На источните брегови се наоѓа Дибен (Dübener Heide), природен парк кој се протега оттука на исток и на север.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот прикажува:
  • хералдичкиот лав на Саксонија
  • лентите се од грбот на Ландсберг (сега припаѓа на округот Зал)
  • ѕвездите се преземени од грбот на Ајленбург

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Општини
  1. Бад Дибен
  2. Делич
  3. Ајленбург
  4. Шкојдиц
  5. Тауха
  1. Добершиц
  2. Језевиц
  3. Кроштиц
  4. Лаусиг
  5. Лебниц
  6. Нојкина
  1. Раквиц
  2. Шенвелкау
  3. Видемар
  4. Чеплин
  5. Цвохау

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 51°31′48″N 12°20′24″E / 51.53000° СГШ; 12.34000° ИГД / 51.53000; 12.34000