Прејди на содржината

Бад Дибен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Бад Дибен
Градското собрание на Бад Дибен
Градското собрание на Бад Дибен
Градското собрание на Бад Дибен
Грб на Бад Дибен
Бад Дибен во рамките на Германија
Бад Дибен
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругСеверна Саксонија
Градски единици4
ГрадоначалникАстрид Минстер
Основни податоци
Површина45,45 км2
Надм. височина98 м
Население 7.880 (31 декември 2022)[1]
 - Густина173 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.TDO
Пошт. бр.04849
Повик. бр.034243
Порталwww.bad-dueben.de
Местоположба на градот Бад Дибен во рамките на округот Северна Саксонија
Карта
Карта
Координати51°35′31″N 12°35′7″E / 51.59194°N 12.58528°E / 51.59194; 12.58528

Бад Дибен (германски: Bad Düben) — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Се наоѓа во јужниот дел на природниот парк парк Дибенер Хајде, помеѓу реките Елба и Мулде, која тече низ центарот на градот.

Историја

[уреди | уреди извор]

Историјата на Бад Дибен се враќа најмалку 1000 години и води потекло до словенскиот замок Dibni, кој првпат бил документиран во 981 година. Утврдувањата околу замокот со време довеле до формирање на град на Мулде. Градот бил место на неколку историски настани, вклучувајќи ја и битката во 1450 година во феудот помеѓу Фридрих и Вилхелм фон Тирингија, во која стариот замок бил целосно уништен. Легендарниот спор помеѓу Ханс Колхазе и Гинтер фон Цашниц бил решен во судот, основан во градот во 1533 година.

Во 1631 година, во текот на Триесетгодишната војна, Густав Адолф Втори и Јохан Георг од Саксонија се сретнале во градот да склопат сојуз против Фердинанд Втори.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)