Битерфелд

Од Википедија — слободната енциклопедија
Грб
Ратхаус
Битерфелдер Боген

Битерфелд (германски: Bitterfeld) — град во округот Анхалт-Битерфелд, Саксонија-Анхалт, Германија. Од 1 јули 2007, е дел од градот Битерфелд-Волфен. Се наоѓа приближно 25 километри јужно од Десау и 30 километри североисточно од Хале. Во време на Источна Германија, добил популарност по неговата хемиска индустрија, која предизвикала неколку сериозни загадувања, дури и за стандардите на Источна Германија. И денес, сè уште е главно индустриски град.

Денес, во Битерфелд се одржува фестивалот United Metal Maniacs за метал музика.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 51°37′N 12°19′E / 51.617° СГШ; 12.317° ИГД / 51.617; 12.317