Тарант

Координати: 50°59′0″N 13°34′51″E / 50.98333° СГШ; 13.58083° ИГД / 50.98333; 13.58083
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тарант
Поглед на Тарант
Поглед на Тарант
Поглед на Тарант
Грб на Тарант
Тарант во рамките на Германија
Тарант
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Тарант
Градски единици 7
Градоначалник Силвио Циземер
Основни податоци
Површина 71,22 км2
Надм. височина 214 м
Население 5.416 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 76 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01737
Повик. бр. 035203
Портал www.tharandt.de
Местоположба на градот Тарант во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°59′0″N 13°34′51″E / 50.98333° СГШ; 13.58083° ИГД / 50.98333; 13.58083

Тарант (германски: Tharandt) — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија, сместен на реката Вајсериц, 9 километри југозападно од Дрезден.

Има протестантска црква, објект за хидротерапија и најстарата академија за шумарство во Германија, основана како Кралска академија за шумарство на Саксонија од Хајнрих Кота во 1811, заедно со неговиот арборетум, Forstbotanischer Garten Tharandt. Во 2002, тешките поплави ги уништиле зградите на академијата и библиотеката, вклучувајќи 500-годишни стари книги. Академијата била обновена и денеска има околу 650 студенти и е позната по нејзината долга традиција за образување студенти од целиот свет за шумарство, управување со ресурси и обработливост на земјата.

Тарант е омилено летно престојувалиште на луѓето од Дрезден, главна негова привлечност е прекрасната букова шума околу самата населба.

Наводи[уреди | уреди извор]

Public Domain Оваа статија вклучуват текст од дело кое сега е во јавна сопственостChisholm, Hugh, уред. (1911). Encyclopædia Britannica (11. изд.). Cambridge University Press. Отсутно или празно |title= (help)CS1-одржување: ref=harv (link)

Надворешни врски[уреди | уреди извор]