Прејди на содржината

Кенигштајн (Саксонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Кенигштајн
Поглед на Кенигштајн
Поглед на Кенигштајн
Поглед на Кенигштајн
Грб на Кенигштајн
Кенигштајн (Саксонија) во рамките на Германија
Кенигштајн (Саксонија)
Управа
Земја Германија
ПокраинаСаксонија
ОкругСаксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед.Кенигштајн/Саксонска Швајцарија
Градски единици2
ГрадоначалникФридер Хазе
Основни податоци
Површина26,93 км2
Надм. височина212 м
Население 2.101 (31 декември 2022)[1]
 - Густина78 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл.PIR
Пошт. бр.01824
Повик. бр.035021
Порталwww.koenigstein-sachsen.de
Местоположба на градот Кенигштајн во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Карта
Координати50°55′8″N 14°4′17″E / 50.91889°N 14.07139°E / 50.91889; 14.07139
Кенигштајн во 2007

Кенигштајн (германски: Königstein) — град во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во сојузната покраина Саксонија, Германија. Во близина на Кенигштајн е истоимената тврдина.

Географија

[уреди | уреди извор]

Кенигштајн се наоѓа во географската област позната како Саксонска Швајцарија. Градот се наоѓа помеѓу Пирна и чешката граница на устието на реката Била со Елба. Кенигштајн бил оштетен во текот на поплавите на Елба во 2002 година.

Историја

[уреди | уреди извор]

Градот Кенигштајн бил првпат споменат во 1379 година како населба близу замокот Кенигштајн. Бил именуван по кралот на Бохемија, но на крајот потпаднал на саксонското Грофовија Мајсен. Меѓутоа, Кенигштајн сè уште го чува лавот со двојна опашка на Бохемија на неговиот грб. Во текот на Втората светска војна во замокот се наоѓал камп за затвореници.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]