Саксонска Швајцарија
Саксонска Швајцарија (германски: Sächsische Schweiz) — ридско-планинска област и национален парк околу долината на реката Елба, југоисточно од Дрезден во Саксонија, Германија. Заедно со Чешка Швајцарија во Чешка ги создаваат Елпските Песочнички Планини.
Самата Саксонска Швајцарија има околу 1.000 врвови за искачувања, како и неколку долини. Областа е позната помеѓу населението на Дрезден и искачувачите низ светот.
Административен округ во областа е Зексише Швајц-Остерцгебирге. Тврдината Кенигштајн е позната знаменитост.
Изведување на името
[уреди | уреди извор]Германското име за Саксонска Швајцарија, Sächsische Schweiz, се појавило во 18. век. Двајца швајцарски уметници, Адријан Цинг и Антон Граф, биле назначени во 1766 од Академијата за уметност Дрезден.
Пејзажот и областа ги потсетувала на нивната татковина, особено на планините Јура и известиле за него во писмата што ги испраќале дома за разликите помеѓу нивната татковина и „Саксонска Швајцарија“. Претходно, саксонскиот дел на Елпските Песочнички Планини повеќепати бил нарекуван како Мајсенски Гори (Meißner Hochland).
Описот станал популарен по издавањето на публикацијата од Вилхелм Лебрехт Гецингер. Во неговите книги областа ја опишал како Саксонска Швајцарија и го претставил терминот на пошироката публика.
Географија
[уреди | уреди извор]На исток, Саксонска Швајцарија се сретнува со Лужичките Гори, а на запад со Рудните Планини. Блискиот чешки дел на Елпските Песочнички Планини е познат како Чешка Швајцарија. Највисоката точка во Саксонска Швајцарија е Гросер Чирнштајн (Großer Zschirnstein) на 562 метри надморска височина.
Ридови
[уреди | уреди извор]Како правило може да се разликуваат два вида на ридови. Првите се карпести формации низ Елпските Песочнички Планини, во обата делови Саксонска и Чешка Швајцарија, локално познати како Steine („карпи“). Познати примери се Кенигштајн, Лилинштајн, Гориш и Папстштајн. Меѓутоа, овој опис не ги вклучува карпите куполи Kuppen, како што се Вајцдорфер Хее или Гросер Винтерберг, чиј состав е од вулкански базалтен или гранитен материјал. Вторите се песочните формации, кои се издигнуваат на т.н. „нивоа“ во блиската област, низ поранешното течение на реката Елба.
Историја
[уреди | уреди извор]Најпрвин, регионот бил населен од Словените и бил дел од Кралството Чешка во текот на средниот век. Пред 1000 години Чешко-саксонска Швајцарија била гранична областа на три словенски племиња. Племето Ниса (источно од Елба и Дрезден до Пирна), племето Милцан (од денешната Горна Лужица) и на југ племето Дацин ја обликувале политичката и економската политика во тоа време.
Сè до 15. век сега нарекуваната област Саксонска Швајцарија не била под власта на Кралството Саксонија, кога станала дел од Грофовијата Мајсен со приближни граници на денешните.
Развојот на областа во туристички цели започнал во 19. век. Во врска со тоа, една од првите тролејбуски линии во светот била отворена во Саксонска Швајцарија, тролејбус низ долината на Била, кој бил во употреба од 1901 до 1904.
Романтичните уметници биле инспирирани од убавината на дивината, како сликарот Лудвиг Рихтер или композиторот Карл Марија фон Вебер, кој ја поставил неговата позната опера Der Freischütz со нејзината сцена Wolfsschlucht („Волчја клисура“) во близина на градот Ратен.
Во време на Третиот Рајх описот на германските територии како Schweiz („Швајцарија“) бил официјално забранет. Поради тоа, од 19 октомври 1938, официјалниот термин „Sächsische Schweiz“ бил заменет со „Amtshauptmannschaft Pirna“ и од јануари 1939 од „Kreis Pirna“ во имињата на локалните места.[1]
Национален парк
[уреди | уреди извор]Во септември 1990, дури и пред повторното обединување на Германија, националниот парк бил создаден во Саксонска Швајцарија со цел да се зачуваат природните одлики на овој уникатен ридски масив. Површината од 93 км² покрива два физички одвоени региони: едниот близу Ратен - регионот на Бастај, долината на Поленц, Бранд и Утевалдер Грунд - и другиот кој ја покрива целата Задна Саксонска Швајцарија (Hintere Sächsische Schweiz) помеѓу Елба и државната граница со Чешка, вклучувајќи ги Шрамштајнен, Гросер Винтерберг, Гросер Чанд и долината на Кирнич.
Искачување на карпи
[уреди | уреди извор]Саксонска Швајцарија се одликува со нејзините песочни карпи, кои привлекуваат многу искачувачи на карпи. Има околу 14.000 рути за искачување на 1.100 карпи. На почетокот на 20. век биле донесени Саксонски правила за искачување на карпи. Тие се сметаат за едни од првите правила за слободно искачување. Јажињата и куките можеле да бидат употребени само за безбедност, а не како помош при качувањето.
Boofen
[уреди | уреди извор]Boofe (множина: Boofen) — локален сленг за спиење на отворено под карпа и има долга традиција во Саксонска Швајцарија. Многу млади луѓе патуваат во Саксонска Швајцарија за викендите со цел да boofen. Денес, тоа е дозволено од властите на националниот парк само на одредени места. Меѓутоа, растечкиот број на Boofers и лошото однесување на поединци (н.п. кои палат нелегални огнови во камповите, кинат млади фиданки или предизвикуваат ерозија на почвата) може да доведат до поголеми забрани.
Точки на интерес
[уреди | уреди извор]- Карпата Бастај и замокот Нојратен
- Беренштајне и ридот Рауенштајн близу Вајсиг
- Долина на Била
- Замок Штолпен
- Руини на замокот Велен
- Карпи близу Штат Велен
- Фринштајн и Ида Грото
- Ридот Гориш со неговите колиби
- Ридот Кајзеркроне и Циркелштајн
- Трамвај Кирничтал, историскиот трамвај во долината на Кирнич
- Мала Саксонска Швајцарија, минијатурен парк во селото Велен
- Тврдина Кенигштајн, најголемата ридска тврдина во Европа
- Куштал на Вилденштајн
- Лилинштајн, Шрамштајне
- Отворениот театар во Ратен
- Папстштајн со набљудувалница и ресторан
- Пфафенштајн и „Варваринот“
- Волфсберг
- Ботаничките градини во Бад Шандау
Панорама
[уреди | уреди извор]Поврзано
[уреди | уреди извор]Галерија
[уреди | уреди извор]-
Поглед од Бастај
-
Поглед на реката Елба од Бастај
-
Поглед од тврдината Кенигштајн до Лилинштајн и Елба
-
Фалкенштајн
-
Искачување во долината на реката Била
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Statistik des Deutschen Reichs, Band 450: Amtliches Gemeindeverzeichnis für das Deutsche Reich, Teil I, Berlin 1939; page 272
Извори
[уреди | уреди извор]- Autorenkollektiv: Brockhaus Reisehandbuch Sächsische Schweiz – Osterzgebirge. Leipzig 1970.
- Wilhelm Lebrecht Götzinger: Schandau und seine Umgebungen, oder Beschreibung der Sächsischen Schweiz. Begersche Buch- und Kunsthandlung, Dresden 1812.
- Heinz Klemm: Die Entdeckung der Sächsischen Schweiz. Sachsenverlag, Dresden 1953.
- Alfred Meiche: Die Burgen und vorgeschichtlichen Wohnstätten der Sächsischen Schweiz. Wilhelm Baensch Verlagsbuchhandlung, Dresden 1907. (Reprint Leipzig 1979)
- Alfred Meiche: Historisch-topographische Beschreibung der Amtshauptmannschaft Pirna. Dresden 1927.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Саксонска Швајцарија“ на Ризницата ? |
- Саксонска Швајцарија (англиски)
- Саксонска Швајцарија (германски) (англиски)
- Саксонска Швајцарија Архивирано на 16 јуни 2011 г.
- Туристички портал за Саксонска Швајцарија