Саксонска Швајцарија (национален парк)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Национален парк Саксонска Швајцарија
Nationalpark Sächsische Schweiz
МСЗП Категорија II (национален парк)
Carolafelsen2.jpg
Поглед од Каролафелзен
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 408: Malformed coordinates value
МестоГерманија Саксонија, Германија
Најблизок градДрезден
Координати50°54′50″ СГШ; 14°16′41″ ИГД / 50.914° СГШ; 14.278° ИГД / 50.914; 14.278Координати: 50°54′50″ СГШ; 14°16′41″ ИГД / 50.914° СГШ; 14.278° ИГД / 50.914; 14.278
Површина93,5 км²
Воспоставен(а)1990

Националниот парк Саксонска Швајцарија (германски: Nationalpark Sächsische Schweiz) е национален парк во сојузната покраина Саксонија во Германија, недалеку од главниот град Дрезден. Зафаќа површина од 93,5 км² и се наоѓа во средиштето на Елпските Песочни Планини (или Полапски Планини), чие подрачје се нарекува Саксонска Швајцарија.

Близу овој парк се наоѓа и националниот парк Чешка Швајцарија (чешки: České Švýcarsko) во Чешка.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Националниот парк се наоѓа во средината на значаен природен предел што зафаќа 710 км². Овој регион е именуван по паркот, и содржи гратчиња и села како Бад Шандау или Кенигштајн во округот Саксонска Швајцарија.

Околу 40% од паркот е прекриен со шума. Подрачјето е прогласено за национален парк во 1990 г. Се наоѓа - во две географски различни области - во рамките на округот Зексише Швајц-Остерцгебирге.

Пејзаж[уреди | уреди извор]

Саксонска Швајцарија се одликува со доста клисурести предели со многу пукнатини. Највисокиот врв во паркот достигнува височина од 556 метри, и се наоѓа близу долината на реката Елба (110 до 120 м над. височина). Поради острата вертикална поделба, местото има неколку различни животни средини и микроклиматски појаси. Во паркот сè уште постојат шумовити места недопрени од човекот, што претставува исклучок во средна Европа. Видовите што живеат во планинските и клисурските предели се загрозени, и тоа ширум Европа. Поради песокливата почва и пукнатините, областа е доста сува и попуста и посурова отколку што е нормално во умерениот климатски појас. Тоа е имено причината за посебноста на местото.

Западна област[уреди | уреди извор]

Овој регион ги вклучува зоната Баштај, Лилинштајн и долина на Поленц. На запад се граничи со Велен и Ломен, на север од Ломен и Хонштајн, на исток од Хонштајн и Госдорф и на југ од Поршдорф, Ратен и Велен. Општината Вајцдорф целосно се наоѓа во рамките на западната област. Важни врвови се Лилинштајн (415 м), Баштај (305 м), Хокштајн и Бранд (317 м). Гринбах и поврзаното езеро Амзелзе и Поленц се единствените водени површини.

Источна област[уреди | уреди извор]

Источната област ги вклучува зоните на карпите Шрамштајне, планината Гросер Винтерберг, долината Гросер Чанд и внатрешноста на Саксонска Швајцарија (Hinterer Sächsischen Schweiz). На запад се граничи со Бад Шандау и Алтендорф и на север од Алтендорф, Отендорф и Хинтерхермсдорф. На исток и југ се граничи со националниот парк Чешка Швајцарија. Од Шмилка до Бад Шандау, Елба ја создава јужната граница на овој регион. Важни врвови се Гросер Винтерберг (556 м), Куштал (337 м) и Раумберг (459 м). Кирнич е единствената водена површина.[1] [2]

Туризам и рекреација[уреди | уреди извор]

Папратник долж планинарска патека во паркот

Планинарството и искачувањето се ограничени на дел од паркот заради заштитениот статус. Денес има околу 400 км планинарски патеки, 49,9 км патеки за ридски велосипедизам и 755 места за искачување со околу 12.600 можни маршрути. Паркот и околните предели служат како рекреативни предели за жителите на Дрезден. Во Бад Шандау има станица на железничката мрежа EuroCity и местото е оддалечено од Дрезден околу 45 патување (со Дрезденската С-Железница).

Информациони места[уреди | уреди извор]

  • Седишта на националниот парк[3]
    • Центар на националниот парк во Бад Шандау
    • Биро на националниот парк во Бад Шандау
  • Информациони места

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Topografische Karte und Begleitheft Sächsisch-Böhmische Schweiz, Landesvermessungsamt Sachsen, Dresden 2003, ISBN 3-89679-361-6
  2. http://www.gesetze-im-internet.de/bundesrecht/natpsschweizv/gesamt.pdf
  3. http://www.nationalpark-saechsische-schweiz.de/service/service/Infostellen

Надворешни врски[уреди | уреди извор]