Баретал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Баретал
Грб на Баретал
Баретал is located in Германија
Баретал
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Бад Готлојба-Бергисхибел
Месни единици 8
Градоначалник Бригите Колба
Основни податоци
Површина 36,47 км2
Надм. височина 240-370 м
Население 2.204 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 60 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01819
Повик. бр. 035023, 035025
Местоположба на Баретал во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Координати 50°53′15″N 13°54′0″E / 50.88750° СГШ; 13.90000° ИГД / 50.88750; 13.90000Координати: 50°53′15″N 13°54′0″E / 50.88750° СГШ; 13.90000° ИГД / 50.88750; 13.90000

Баретал (германски: Bahretal) — општина во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во Саксонија, Германија. Се наоѓа на североисточните падини на Рудните Планини, помеѓу Бад Готлојба-Бергисхибел и Дона. Се состои од неколку мали села, кои се наоѓаат во долините на реките Баре и Зајдевиц, како и висорамнините помеѓу долините.

Општината е именувана по малата река Баре, која низ нејзе. Нејзиниот извор се наоѓа 1,5 километри северно од Брајтенау во Бад Готлојба-Бергисхибел на 505 м. Се влива во Зајдевиц близу Цушендорф. Со дел да се спречат поплави, било изградено езеро помеѓу Борна-Герсдорф и Фридриксвалде-Отендорф во 1970.

Општински единици[уреди | уреди извор]

Баретал се состои од следниве села:

  • Борна
  • Фридриксвалде
  • Герсдорф
  • Геперсдорф
  • Нентмансдорф
  • Нидерсзајдевиц
  • Отендорф
  • Вингендорф

Историја[уреди | уреди извор]

Борна[уреди | уреди извор]

Борна најверојатно припаѓала на замокот Дона во прво време. На почетокот на 15. век станала дел од земјите на замокот Везенштајн. Прилично често ја менувал сопственост помеѓу Либштат, Везенштајн, Герсдорф, Отендорф, Кребс и Гизенштајн во следните години. Во 1731, Борна било во посед на грофот Морис де Саксо. Селската црква била првпат спомената во 1388. Припаѓала на парохијата во Пирна, а по Реформацијата припаѓала на Либштат. Во 1894, Борна станала парохија.

Фридриксвалде[уреди | уреди извор]

Фридриксвалде припаѓал на замокот Везенштајн. Црквата била првпат спомената во 1311 и припаѓала на парохијата Пирна.

Герсдорф[уреди | уреди извор]

До 17. век, Герсдорф бил поделен на две села: Обергерсдорф (исто така: Габел) и Нидергерсдорф. Тие првично припаѓале на Дона, но потпаднале на грофството Дрезден. Во Герсдорф бил изграден и дворец.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]