Прејди на содржината

Рајнхартсдорф-Шена

Координати: 50°54′N 14°12′E / 50.900° СГШ; 14.200° ИГД / 50.900; 14.200
Од Википедија — слободната енциклопедија
Рајнхартсдорф-Шена
Типична градба за регионот во Рајнхартсдорф
Типична градба за регионот во Рајнхартсдорф
Типична градба за регионот во Рајнхартсдорф
Грб на Рајнхартсдорф-Шена
Рајнхартсдорф-Шена во рамките на Германија
Рајнхартсдорф-Шена
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Општ. заед. Бад Шандау
Месни единици 3
Градоначалник Олаф Ерлих
Основни податоци
Површина 31,75 км2
Надм. височина 281 м
Население 1.298 (31 декември 2022)[1]
 - Густина 41 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. PIR
Пошт. бр. 01814
Повик. бр. 035028
Портал www.reinhardtsdorf-schoena.de
Местоположба на Рајнхартсдорф-Шена во рамките на округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини
Карта
Карта
Координати 50°54′N 14°12′E / 50.900° СГШ; 14.200° ИГД / 50.900; 14.200

Рајнхартсдорф-Шена (германски: Reinhardtsdorf-Schöna) — општина во округот Саксонска Швајцарија-Источни Рудни Планини, во германската сојузна покраина Саксонија. Се наоѓа близу до чешката граница во Саксонска Швајцарија, популарна туристичка област.

Општински единици

[уреди | уреди извор]

Рајнхартсдорф-Шена е составена од селата Рајнхартсдорф, Шена и Клајнгисхибел.

Историја

[уреди | уреди извор]

Општина Рајнхартсдорф-Шена е создадена во 1973 со спојување на трите села:

Рајнхартсдорф

[уреди | уреди извор]
Поглед на Рајнхартсдорф од Волфсберг

Рајнхартсдорф е шумско село, кое било спомнато во 1368 и кое било користено за земјоделство. Денес, главна дејност во селото е туризмот. Јужно од селото се наоѓа отворениот базен, Waldbad. Неговата готска црква потекнува од 1523, додека нејзината камбанарија од 1685. Во селото се наоѓа и заштитена липа, која се проценува дека е стара околу 500 години. Во куќата бр. 21 и нејзината шатала постоела нелегална печатница во текот на нацистичка Германија. Во 2009, Рајнхартсдорф имал 854 жители (1999: 986).[2]

Поглед на Шена од Кајзеркроне

Шена се наоѓа на 280 метри надморска височина на реката Елба близу границата со Чешка. Старото шумско село, првпат забележано во 1379, главно се состоило од мали колиби. На крајот на селото Шена се издигнуваат карпите Кајзеркроне, а понатаму се наоѓа и ридот Циркелштајн. Долината Хиршгрунд води низ Елба и ја дели рамната област околу Шена. Поради големите количини на вода и стрмниот наклон постоеле неколку воденици околу селото. Во една куќа градена во лужички стил се наоѓа Heimatstube Schöna, локален историски музеј за селото.

Познат жител на селото бил Вилхелм Михаел Шафрат (1814-1893), адвокат, покраински и царски парламентарен претставник. Тој бил делегат во црквата Свети Павле во Франкфурт, кога се одржало Народното собрание во 1848. Во 2009, Шена имала население од 454 (1999: 565).[2]

Клајнгисхибел

[уреди | уреди извор]

Клајнгисхибел бил првпат споменат во 1379 како Gizobel. Главен извор на приходи во селото биле производство на дрвни материјали.[3]

Политика

[уреди | уреди извор]

Општината е позната како центар на неонацистичките гласачи (20% гласале за крајно десничарската NPD на изборите во 2008). Сепак, тоа сè уште не се одразило врз вкупните резултати во општината.

Рајнхартсдорф-Шена, заедно со Бад Шандау и Пирна биле загрозени и доживеале штети во текот на поплавите од 2002.

  1. „Тековно население по општини во 2022 г.“. Статистичка служба на Саксонија. 2024. (германски)
  2. 2,0 2,1 Einwohnerzahl von Bad Schandau sinkt, Sächsische Zeitung (Ausgabe Pirna) 26 јануари 2010
  3. Рајнхартсдорф-Шена