Дален (Саксонија)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дален
Градското собрание на Дален
Градското собрание на Дален
Грб на Дален
Дален (Саксонија) се наоѓа во Германија
Дален (Саксонија)
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија
Округ Северна Саксонија
Градски единици 10
Градоначалник Матијас Леве (CDU)
Основни податоци
Површина 71,68 км2
Надм. височина 158 м
Население 4.270 (31 декември 2015)[1]
 - Густина 60 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. TDO
Пошт. бр. 04774
Повик. бр. 034361
Портал www.dahlen.de
Местоположбата на градот Дален во рамките на округот Северна Саксонија
Карта
Координати 51°22′00″ СГШ 13°00′00″ ИГД / 

Дален (германски: Dahlen) — град во округот Северна Саксонија, во сојузната покраина Саксонија, Германија.

Географија[уреди | уреди извор]

Градот е порта кон шумата околу Дален. Соседни градови се Вермсдорф (11 км), Ошац (12 км) и Торгау. Дален се наоѓа 22 километри јужно од Торгау и 44 километри источно од Лајпциг. Сојузниот автопат Б6 поминува низ Нојбела на југ од округот. Железничката линија Лајпциг-Дрезден исто така поминува близу. Средновековниот град е дом на Замокот Дален, кој бил седише на кралот Фридрих Велики од Прусија.

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на Дален може да се следи до околу 1188 година, каде по првпат е споменат како град долж стариот трговски пат. Името Дален доаѓа од словенскиот збор „Dolane“, означувајќи „жител на долина“. Градот официјално бил прогласен 40 години подоцна во 1228 година.

Постоеле повеќе неуспеси во развојот на градот. Тој се соочил со градските пожари, чумите, војни и глад. Меѓутоа, неговата местоположба му овозможувала економска обнова, кога трговците поминувале оттука и со тоа повторно се враќал од овие катастрофи.

Градот исто така видел развој, кога била пуштена железничката линија на југ. Старата железничка станица, изградена во викторијански стил имала „кралска чекалница“. Тука, принцовите од Саксонија сакале да застанат и да одморат на нивниот пат кон ловиштето во Вермсдорф.

Моменталното Градско собрание било изградено во 1888 година на главниот плоштад во центарот на градот.

Градот одиграл важна улога во текот на Седумгодишната војна во Европа. Најзначаен настан бил потпишувањето на Договорот од Хубертусбург на 21 февруари 1763, белата сала на Замокот.

Замок Дален[уреди | уреди извор]

Најважна знаменитост на Дален се моменталните руини на поранешниот замок. Изграден помеѓу 1744-1751, замокот бил една од резиденциите на семејството Бинау.

Денес, замокот е зачуван од група од конзерватори, кои сакаат да го обноват. Исто така, обновена е и железничката станица, која е во јавна сопственост.

Градот, исто така, има многу историски места и знаменитости и има потенцијал да стане туристичка дестинација.

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]