Алтмарк Залцведел

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алтмарк Залцведел
Altmarkkreis Salzwedel
Округ
Altmarkkreis Salzwedel in S-A.svg
Земја  Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Адм. цент. Залцведел
Површина
 • Вкупна 2.292 км2
Население (31 декември 2015)[1]
 • Вкупно 86.164
 • Густина 37.593.368.237.347/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. SAW, GA, KLZ
Мреж. место altmarkkreis-salzwedel.de

Алтмаркрајс Залцведел (германски: Altmarkkreis Salzwedel) — округ (Kreis)во Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничи со (од запад надесно) окрузите Гифхорн, Илцен, Лихов-Даненберг во Долна Саксонија и окрузите Штендал и Оре.

Историја[уреди | уреди извор]

Алтмарк е историски регион кој ја опфаќа територијата на денешниот округ, како и делови од соседниот округ Штендал. Во X век, бил источна гранична провинција на Светото римско царство; замоците биле изградени со цел да ја поместат границата кон исток. Алтмарк бил мочиришно подрачје и со векови бил тежок за освојување. Во XII век, многу мочуришта биле исушени и упоришта станале малите градови. Во доцниот среден век, многу градови биле членови на Ханзата. Поради Триесетгодишната војна, Алтмарк бил целосно уништен во XVII век. Никогаш не успеал да ја поврати својата важност и останал ретко населен до ден денес.

Округот бил основан во 1994 со спојување на поранешните окрузи Гарделеген, Клеце, Залцведел и (делумно) Остербург.

Географија[уреди | уреди извор]

Алтмарк е права низина, која некогаш била исполнета со бари и езерца. Денес, главно е покриена со шуми и голини. Генерално е суво, иако некои мочуришни регионо опстоиле. Најголемиот од нив е Дремлинг, голема водена површина на југозапад, кој е национален парк поделен со соседниот Оре.

Најголемото езеро во округот е Арендзе (5,54 km²); градот Арендзе е именуван по ова езеро.

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот прикажува:
  • Хералдичкиот орел на Брандебург, кој бил исто така дел од грбовите на Залцведел
  • Лавот на Линебург, поради припаѓањето на градот Клеце на војводството Брауншвајг-Линебург во средновековието
  • Симболот на Алтмарк, кој користен во текот на XI и XII век

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Округот Алтмаркрајс Залцведел се состои од следниве административни единици:[2]

Слободни градови Општински заедници
  1. Арендзе
  2. Гарделеген
  3. Калбе
  4. Клеце
  5. Залцведел

Бецендорф-Диздорф

  1. Апенбург-Винтерфелд
  2. Бецендорф1
  3. Дере
  4. Диздорф
  5. Јибар
  6. Куфелде
  7. Рорберг
  8. Валставе

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]