Шенебек (округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Шенебек
Schönebeck

Округ
Saxony anhalt sbk.png
Земја Германија
ПокраинаСаксонија-Анхалт
Укинат2007-07-01
Адм. цент.Шенебек
Површина
 • Вкупна460.51 км2 (177.80 ми2)
Население (2002)
 • Вкупно75,321
 • Густина160/км2 (420/ми2)
Часовен појасCET (UTC+1)
 • Лете (DST)CEST (UTC+2)
Рег. таб.SBK
Мреж. местоlandkreis-schoenebeck.de

Шенебек (германски: Schönebeck) бил округ (Kreis) во средишниот дел на Саксонија-Анхалт, Германија. Се граничел со окрузите (од север надесно), слободниот град Магдебург, окрузите Јерихов, Анхалт-Цербст, Кетен, Бернбург, Ашерслебен-Штасфурт и Берде.

Историја[уреди | уреди извор]

Округот бил основан на 1 јули 1816, со главниот град Калбе и така бил именуван Landkreis Calbe. Во 1946, Шенебек станал слободен град, но бил припоен во округ во 1950 и станал ново административно седиште. Исто така, бил преименуван во Landkreis Schönebeck.

Географија[уреди | уреди извор]

Главните реки во округот се Елба и Зале. Околината претежно е рамна Magdeburger Börde. Висината на округот се движи помеѓу 43 и 123 метри надморска височина.

Партнерства[уреди | уреди извор]

Во 1991, округот започнал пријателство со Јарославскиот округ во Полска, кое било продлабочено во партнерство во 2001. Друго пријателство е остварено со округот Витмунд во Долна Саксонија.

Грб[уреди | уреди извор]

Грб Грбот ги покажува двете главни реки во округот и нивното соединување. Трите кули на замокот ги симболизираат трите града во округот. Грбот бил донесен на 10 октомври 1991, заменувајќи го стариот грб, кој бил многу сличен - единствено прикажувајќи го замокот со една кула.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Заедница на општини
  1. Калбе
  1. Елба-Зале (вкл. го градот Барби)
  2. Шенебек (вкл. го градот Шенебек)
  3. Зидлихе Берде
  4. Зидестлихес Берделанд

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 52°0′N 11°45′E / 52.000° СГШ; 11.750° ИГД / 52.000; 11.750