Бургенланд (поранешен округ)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бургенландкрајс
Burgenlandkreis
Округ
Saxony anhalt blk.png
Земја  Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Укинат 2007-07-01
Адм. цент. Наумбург
Површина
 • Вкупна 1,040.91 км2
Население (2000)
 • Вкупно 143,340
 • Густина 140/km2
Часовен појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Рег. таб. BLK
Мреж. место burgenlandkreis.de

Бургенланд (германски: Burgenlandkreis) бил округ (Kreis) на југот на Саксонија-Анхалт, Германија. Соседни окрузи биле (од север во насока на стрелките на часовникот) Мерзебург-Кверфурт, Вајсенфелс, Лајпциг, Ашерслебен-Штасфурт, Алтенбург, Грајц, урбаниот округ Гера, Зале-Холцланд, Вајмар, Земерда и Кифхојзер.

Историја[уреди | уреди извор]

Округо бил основан во 1994 година, кога окрузите Наумбург, Небра и Цајц биле припоени.

Географија[уреди | уреди извор]

Главни реки во округот биле Зале и нејзината притока Унштрут, и исто така на југот на округот Вајсе Елстер. Највисоката точка е Зелигенборнберг (355 м), најниската точка е во долината на Зале, во близина на Гозек (97,8 м).

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот на округот Грбот прикажува градски ѕид во долниот дел, симболирајќи ги многуте замоци во округот, од кои го добил и името. Шестте зрна грозје ја симболизираат винската култура во областа околу Фрајбург, една од најсеверните вински области во Европа. Мечот и клучот на врвот се симболи за Св. Петар и Св. Павле, патроните на катедралите во Наумбург и Цајц. Овие два симбола се земени од грбот на округот Цајц, кога тој е припоен во Бургенланд.

Градови и општини[уреди | уреди извор]

Градови Заедница на општини Слободни општини
  1. Наумбург
  1. Ан дер Фине (вкл. ги градовите Бад Бибра и Екартсберга)
  2. Бад Кезен (вкл. го градот Бад Кезен)
  3. Дројсигер-Цајцер Форст
  4. Унштрутал (вкл. ги градовите Фрајбург, Лауха и Небра)
  5. Ветаутал (вкл. ги градовите Остерфелд и Штесен)
  6. Цајцер Ланд (вкл. го градот Цајц)
  1. Елстерауе

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]