Кемберг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Кемберг
Камбанаријата на градската црква
Камбанаријата на градската црква
Грб на Кемберг
Кемберг is located in Германија
Кемберг
Управа
Земја Германија
Покраина Саксонија-Анхалт
Округ Витенберг
Градоначалник Рајнер Шуберт (независен)
Основни податоци
Површина 235 км2
Надм. височина 76 м
Население 9.899 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 42 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. WB
Пошт. бр. 06901
Повик. бр. 034921
Портал www.kemberg.de
Местоположба на градот Кемберг во рамките на округот Витенберг
Карта
Координати 51°47′N 12°38′E / 51.783° СГШ; 12.633° ИГД / 51.783; 12.633Координати: 51°47′N 12°38′E / 51.783° СГШ; 12.633° ИГД / 51.783; 12.633

Кемберг (германски: Kemberg) е град во округот Витенберг, во Саксонија-Анхалт, Германија. Градот се наоѓа во северниот дел на природниот парк Дибенер Хајде. Кемберг е составен од населените места Бергвиц, Кличена и Атериц.

Историја[уреди | уреди извор]

На 1 јули 2005, општината Бергвиц со нејзините административни единици Кличена, била споена кон Кемберг, како и општината Атериц (со општините Гомло и Лубаст) на 1 јануари 2006.

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

Најимпресивната градска знаменитости е Црквата на Пресвета Богородица („Unser Lieben Frauen“), која може да се види дури од Elbaue (природни полдери). Таа е сала-црква со наос и две патеки кои потекнуваат од 15-от век (или така се верува) со 86-метри високата купола изградена во 19 век. Постојат работи, како што се остатоци од ѕидни слики од доцниот среден век, олтар направен од песок и многу убава крстилница (двете од 15 век). Исто така, вредна е и доцната готско градско собрание со неговите ренесансни додатоци и стариот градски ѕид од 14 век, делови од него се сè уште зачувани.

Добро зачуваниот центар на Кемберг ги води посетителите во минатото и секогаш е вредно за прошетка. Градот е исто така добро сместен за соседната област за излети и до Витенберг.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Кемберг се наоѓа на сојузниот автопат Б2 до Бад Дибен, на покраинскиот автопат Л129 од Бергвиц до Бад Шмидеберг и на окружниот пат K2024 помеѓу Ројден и Требиц.

Бергвиц се наоѓа на Б100 од Витенберг до Битерфелд и на Л129 од Зелбиц до Кемберг.

Кличена се наоѓа на окружниот пат K2041 од Бергвиц до Зегрена.

Сојузниот автопат 9 (Минхен - Берлин) може да се стигне од раскрсницата Фокероде, оддалечена 22 километри.

Железничката станица Бергвиц се наоѓа на линијата на Германски железници помеѓу Витенберг и Битерфелд.

Од 1903 до 1951, имало железничка врска помеѓу Бергвиц и Кемберг. Поранешната станица е уништена. Таму сега е изграден хипермаркет.

Познати луѓе[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]