Часлав Клонимировиќ

Од Википедија — слободната енциклопедија

Часлав Клонимировиќ (живеел од 890 до 960) бил кнез на Србите од 927 година до неговата смрт во 960 година.[b] Тој значително го проширил Српското кнежевство кога успеал да обедини неколку словенски племиња, проширувајќи го своето царство од бреговите на Јадранското Море, до реката Сава и долината на реката Морава. Тој успешно се борел со Маџарите (Унгарците), кои ги поминале планините Карпати и ја опустошиле Средна Европа, кога и ја нападнале територијата на Босна. Часлав е запаметен, заедно со неговиот претходник Властимир, како основач на Србија во средниот век.

Часлав бил син на Клонимир, а тој пак бил син на Стројимир (Часлав е внук на Стројимир) кој владеел како кнез во 851–880 година. Припаѓал на првата српска династија Властимировиќи (владеат од почетокот на VII век) и е последниот познат владетел на семејството. Неговата мајка била бугарска благородничка, избрана за сопруга на Клонимир од самиот цар Борис I од Бугарија.

Почетоци[уреди | уреди извор]

По смртта на кнезот Властимир, Србија била олигархија со која управувале неговите три сина:[1] Мутимир, Гојник и Стројимир, иако Мутимир кој бил и најстар од тројцата, имал врховна власт.[2]

Во 880-ти години, Мутимир го зазел престолот за себе, протерувајќи ги своите двајца браќа. Со нив го протерал Клонимир, кој бил син на Стројимир (братот на Мутимир), во Првата бугарска империја, на дворот на царот Борис I. [1] Ова најверојатно се должи на предавство.[2] Петар, синот на Гојник, бил задржан на српскиот двор кај управителот Мутимир од политички причини,[2] но набрзо Петар успеал да побегне во Хрватска.[1]

Кога умрел Мутимир, неговиот син Прибислав го наследил владеењето, но тој владеел само една година. Петар се вратил, го победил во битка и го зазел престолот. Прибислав со браќата Бран и Стефан побегнал на територијта на Хрватска.[1] Бран бил поразен, заробен и заслепен (ослепувањето било византиска традиција со цел да се дисквалификува лице од преземање на тронот.)[3] Во 896 година Клонимир се вратил од Бугарија, поддржан од Борис I, заземајќи ја важната тврдина Дестиникон. Клонимир подоцна бил поразен и убиен.[1]

Византиско-бугарските војни ја направиле Бугарската империја де факто најмоќната империја на Југоисточна Европа. Бугарите победиле со Византија во една од битките откако извршиле инвазија во вистинско време и простор. Тие имале мал отпор на север од страна на Византијците поради тоа што Византијците се бореле во исто време против Арабјаните на територијата на Анадолија.[4]

Почетокот од животот[уреди | уреди извор]

Часлав е роден некаде во 890-тите години но пред 896 година, во градот Преслав, главниот град на Првата бугарска империја, растејќи на дворот на царот Симеон I Велики.[5] Татко му на Часлав бил Клонимир, а мајка му била бугарска благородничка.

Во 924 година, Часлав бил испратен во Србија со голема бугарска војска.[1] Војската опустошила добар дел од Србија, принудувајќи го владетелот Захарија, кој во тоа време бил кнез на Србија, да побегне во правец на Хрватска.[1] Симеон од Бугарија ги повикал сите српски војводи да му оддадат почит на нивниот нов кнез. Но, наместо да го постави Часлав на тронот, тој ги зел сите во заробеништво, припојувајќи ја цела Србија.[1] Бугарија значително ги проширила своите граници на запад. Соседна држава во тој период и била Хрватска со својот моќен локален владетел Михаил од Захумље. Захарија бил прогонет и набрзо умрел на територијата на Хрватска.[1] Хрватска во тоа време била управувана од најмоќниот монарх во хрватската историја, владетелот Томислав.[1]

Царство и владеење[уреди | уреди извор]

Фамилија на семејството Властимировиќ Владетели:

- Вишеслав, околу 780 година

- Радослав, по 800 година

- Просигој, пред 830 година

- Властимир од 830 до 851 година

- Мутимир од 851 до 891 година

- Прибислав од 891 до 892 година

- Петар од 892 до 917 година

- Павле од 917 до 921 година

- Захарија од 921 до 924 година

- Часлав од 933 до 960 година

Според изворот на De administrando imperio, крстена како "Србија" т.е. Часлав од Србија

Бугарското владеење (923-927) не било популарно кај српскиот народ, и многу Срби во тој период побегнале во Хрватска или Византија.[1] По смртта на царот Симеон (927) Часлав и четворица негови пријатели[6] избегале на територијата на Србија.[1] Часлав добил поддршка од народот и ја обновил државата, а многу од прогонетите брзо се вратиле назад.[1] Тој веднаш се подложил на владеењето на византискиот император Роман I Лакапин и добил финансиска и дипломатска поддршка за неговите напори.[1] Одржувал блиски врски со Византија за време на неговото владеење.[1] Византиското влијание (особено црквата) значително се зголемило во Србија, како и православното влијание од соседна Бугарија.[1] Периодот бил клучен за идниот христијански правец (православен наспроти католички) усвоен од Српската црква, бидејќи врските формирани во овој период требало да имаат големо значење за тоа како се позиционираат различните словенски цркви. Сепак на крајот во 1054 година црквите се разделиле за време на Големиот раскол.[1] Многу научници сметаат дека Србите, кои се наоѓале на средината помеѓу римската и православната јурисдикција, можеле да одберат било кој пат, но, за жал, информациите за овој период и за тој регион биле сиромашни и оскудни.[1]

Часлав ја проширил Србија присоединувајќи ги Травунија и делови од Босна.[7] Сепак точните граници на државата на Часлав биле непознати.[1] Тој ги презел во владение регионите кои претходно ги држел владетелот Михаил од Захумље. За Михаил немаме релевантни податоци по 925 година.[5]

Војна со Унгарците и смрт[уреди | уреди извор]

Погубувањето на Часлав.

Унгарците се доселиле од Карпатскиот басен во 895 година.[8] Царот Лав во 894 година ги насочил Унгарците да војуваат против Бугарите за време на Византиско-бугарските војни.[8] Во следните години, Унгарците во своите походи главно се концентрирале на земјите западно од нивното царство.[8] Во 934 и 943 година тие извршиле рација далеку од Балканот, длабоко во делот на византиска Тракија.[8]

Според изворот Де Администрандо Империо, Унгарците, предводени од водачот Киса, ја нападнале Босна, а Часлав побрзал и ги пресретнал на бреговите на реката Дрина.[6] Унгарците биле решително поразени, при што Киса бил убиен од војводата на Часлав, Тихомир.[6] Во знак на благодарност, Часлав ја омажил својата ќерка за храбриот Тихомир. Вдовицата на Киса побарала од водачите на Унгарците да ѝ дадат војска за да се одмазди.[6] Со „непознат број“ војници, вдовицата на Киса се вратила и го изненадила Часлав во месноста наречена Сирмија (денешен Срем).[6] Во текот на ноќта, Унгарците ги нападнале Србите, го заробиле Часлав и сите негови машки роднини.[6] По наредба на вдовицата на Киса сите ги врзале за раце и нозе и ги фрлиле во реката Сава.[6] Настаните се нотирани и датирани околу 960 година[6] или набргу потоа, бидејќи изворот на Де Администрандо Империо не го напоменува овој настан.

Последици[уреди | уреди извор]

Карта на територијата на Сирмиум во рамките на Византиската империја во 1045 година.

По смртта на Часлав, царството се распаднало, локалните благородници ја вратиле контролата на секоја провинција, а според изворите на De Administrando Imperio, неговиот зет Тихомир владеел со областа Рашка.

Округот на Рас бил основан помеѓу 971–976 година, за време на владеењето на Јован Цимискиј (969–976).[9] Печатот на стратегот на Рас е датиран од владеењето на Цимискиј, што му овозможило на претходникот на Цимискиј, Никифор II Фока да ужива признание во областа на Расија.[10][11] Владетелот од Рас бил византиски гувернер по име Јован.[12] Недостасуваат податоци за владетелот на Рас за време на владеењето на Цимискиј.[13] Византиското воено присуство набргу завршило по војните со Бугарија. Повторно било воспоставено само во 1018 година.[10] Како држава Босна се јавува по смртта на Часлав.[14]

Во 990-ти, Јован Владимир се појавува како најмоќниот српски благородник. Неговиот двор се наоѓал во центарот на Бар на Јадранскиот брег. Тој имал голем дел од српското Поморје („поморско“) под негова контрола, вклучувајќи ги териториите на Травунија и Захлумија. Неговото царство можеби се протегало далеку на запад и на север и ги опфаќало и некои делови од Загорје. Византијците ја нарекувале територијата Зета или Србија, а нејзините жители Срби.[15] Унапредената позиција на Владимир над другите словенски благородници во областа објаснува зошто царот Василиј II му пристапил за оформувањето на антибугарскиот сојуз. Подоцна со врзани раце поради војната во Анадолија, византискиот цар Василиј барал сојузници за неговата идна војна против Царот Самоил, кој имал голем дел од територијата на Македонија. Како одмазда, Самоил ја нападнал провинцијата Дукља во 997 година. Исто така успеал да ја освои и Далмација сѐ до градот Задар, вклучувајќи ги Босна и Србија во неговото царство. Откако го поразил Владимир, Самоил го поставил како вазален кнез.

Наследство литература[уреди | уреди извор]

Стеван Сремац (1855–1906) бил автор на делото Големиот Жупан Часлав (оригинал Велики Жупан Часлав) од 1903 година.[16]

Семејство[уреди | уреди извор]

Според Летописот на свештеникот од Дукља, Часлав имал една ќерка:[17]

  • Неименувана личност, се омажила со Тихомир, кој успеал да владее со Рас (Рашка регион).[17]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,00 1,01 1,02 1,03 1,04 1,05 1,06 1,07 1,08 1,09 1,10 1,11 1,12 1,13 1,14 1,15 1,16 1,17 1,18 Fine 1991.
  2. 2,0 2,1 2,2 Đekić 2009.
  3. Longworth, Philip (1997), The making of Eastern Europe: from prehistory to postcommunism (1997. изд.), Palgrave Macmillan, стр. 321, ISBN 0-312-17445-4
  4. Theophanes Continuatus, p. 312., cited in Vasil'ev, A. (1902) (in Russian). Vizantija i araby, II. pp. 88, p. 104, pp. 108–111
  5. 5,0 5,1 The entry of the Slavs into Christendom, p. 209
  6. 6,0 6,1 6,2 6,3 6,4 6,5 6,6 6,7 Srbi između Vizantije, Hrvatske i Bugarske;
  7. Alexis P. Vlasto; (1970) The Entry of the Slavs into Christendom: An Introduction to the Medieval History of the Slavs p. 209; Cambridge University, ISBN 0521074592
  8. 8,0 8,1 8,2 8,3 Stephenson, p. 39
  9. GK, Abstract: "the establishment of catepanate in Ras between 971 and 976"
  10. 10,0 10,1 Stephenson, Paul (7 August 2003). The Legend of Basil the Bulgar-slayer. стр. 42. ISBN 9780521815307.
  11. Paul Magdalino, Byzantium in the year 1000, p. 122
  12. Academia, 2007, Byzantinoslavica, Volumes 65–66, p. 132
  13. Krsmanović 2008.
  14. Ćirković 2004.
  15. Nikola Banasevic, Letopis popa Dukqanina i narodna predawa, p. 79, Document Архивирано на 25 јули 2012 г.
  16. Stevan Sremac (1903). Veliki župan Časlav. Izd. Matice srpske.
  17. 17,0 17,1 Живковић 2006.

 Извори[уреди | уреди извор]

Примарни извори

Надворешни врски[уреди | уреди извор]