Владиевци

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Владевци)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Владиевци
Vladievci.jpg

Поглед кон Старо Владиевци

Владиевци is located in Македонија
Владиевци
Местоположба на Владиевци во Македонија
Координати 41°31′14″N 22°35′29″E / 41.52056° СГШ; 22.59139° ИГД / 41.52056; 22.59139Координати: 41°31′14″N 22°35′29″E / 41.52056° СГШ; 22.59139° ИГД / 41.52056; 22.59139
Општина Општина Василево
Население 684 жит.
(поп. 2002)
Надм. вис. 289 м
Владиевци на општинската карта
Владиевци во Општина Василево.svg

Атарот на Владиевци во рамките на општината


Владиевци — село во Општина Василево, во околината на градот Струмица.

Географиja[уреди | уреди извор]

Спортско игралиште
Пошта

Владиевци се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во западниот дел на Струмичка Котлина, чиј атар допира со територијата на Општина Радовиш и припаѓа на Општина Василево. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 11 километри. Низ селото поминува патот Струмица-Радовиш.

Надморската височина во селото е 289 метри додека селото зафаќа површина од 7,1 км2. Од нив 396,6 хектари се обработливо земјиште, 241,9 хектари се шуми и 9,6 се пасишта[1]

Историja[уреди | уреди извор]

Отоманско Царство[уреди | уреди извор]

Во текот на 19 век, селото било чисто македонско. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 245 жители Македонци[2][3].

Југославија[уреди | уреди извор]

По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС. По крајот на Втората светска војна, Владиевци било вклучено во рамките на СР Македонија, во составот на СФРЈ.

Македонија[уреди | уреди извор]

По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Василево.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 1961 година селото имало 492 жители, од кои 460 Македонци и 25 Турци[4]. Во 1994 година во селото живееле 723 луѓе, од кои 718 Македонци и 5 Срби[1].

Според последниот попис на населението на Македонија од 2002 година, селото има 684 жители. Следува табела на националната структура на населението[5]

Националност Вкупно
Македонци 679
Турци 3
Роми 0
Албанци 0
Власи 0
Срби 0
Бошњаци 0
Други 2

Институции и знаменитости[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Панов Митко, Енциклопедија на селата во Република Македонија, Патрија, Скопје, 1998. стр.46.
  2. Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите отсекогаш се изјаснувале како Македонци.
  3. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 160.
  4. Според изворот, бројот на Македонци и Турци не е еднаков со вкупниот број на население
  5. http://www.stat.gov.mk/publikacii/knigaX.pdf Попис во Македонија 2002. - Книга 10.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]