Бедиње
Бедиње | |
![]() Главната улица „11 Ноември“/Р2133 | |
Координати 42°8′30″N 21°41′47″E / 42.14167° СГШ; 21.69639° ИГДКоординати: 42°8′30″N 21°41′47″E / 42.14167° СГШ; 21.69639° ИГД | |
Општина | Куманово |
Население | 898 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 1300 |
Шифра на КО | |
Надм. вис. | 345 м |
![]() |
Бедиње — урбанизирано село/населба во Општина Куманово. Се наоѓа во северозападниот дел на Куманово, на само 1 км од средиштето на градот, и практично се смета за негова градска населба.
Географија[уреди | уреди извор]
Селото е сместено во котлинската област Жеглигово, веднаш до градот Куманово.
Историја[уреди | уреди извор]
Селото е населено уште од железното време, за што сведочи наоѓалиштето Градиште.[2]
Историја[уреди | уреди извор]
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија, Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Бедиње живееле 135 жители, сите Македонци.[3] Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Бедиње имало 136 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија.[4]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 898 жители, од кои 232 Македонци, 531 Албанец, 2 Турци, 48 Срби, 1 Бошњак, 1 останат и 83 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан народносниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Година | Македонци | Албанци | Турци | Роми | Власи | Срби | Бошњаци | Ост. | б.п. | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
1948 | — | — | — | — | — | — | — | — | — | 336 |
1953 | 306 | 2 | 39 | 23 | — | 71 | ... | 5 | — | 446 |
1961 | 663 | 22 | 56 | ... | ... | 150 | ... | 192 | — | 1.083 |
1971 | 866 | 54 | 22 | 275 | ... | 215 | ... | 14 | — | 1.446 |
1981 | 1.578 | 212 | 28 | 99 | — | 249 | ... | 80 | — | 2.256 |
1991 | 1.455 | 19 | 11 | 150 | — | 191 | ... | 106 | — | 1.932 |
1994 | 1.426 | 308 | — | 95 | — | 230 | ... | 21 | — | 2.080 |
2002 | 1.451 | 547 | — | 156 | — | 164 | — | 9 | — | 2.327 |
2021 | 232 | 531 | 2 | — | — | 48 | 1 | 1 | 83 | 898 |
Стопанство[уреди | уреди извор]
Населбата Бедиње има голем број на индустриски погони. Во Бедиње била изградена Индустриската зона Куманово која во минатото важела за голема индустриска зона. Едни од најреномираните индустриски погони кои се наоѓаат во таа идустриска зона се ФЗЦ „11 Октомври“, потоа градежното претпријатие „Koзјак“, кожарскиот произведувачки и преработуавчки погон „Илинден“, фабриката за преработка и производство на пластика „30 Јули“, фабриката за мебел „Диер“ и други.
Општествени установи[уреди | уреди извор]

Населбата Бедиње има своја месна заедница во која се остваруваат сите избори т.е гласања. Во јули 2020 година, Управата за водење матични книги била преселена од средиштето на Куманово, во кругот на поранешната касарна „Христијан Тодоровски - Карпош“.[7]
Во физичките рамки на поранешната касарна зона, сместен е Факултетот за бизнис администрација кој е составна единица на Државниот универзитет во Тетово.[8]
Културни и природни знаменитости[уреди | уреди извор]
- Цркви
- Црква „Св. Петка“
- Светилиште кај Липковска Река - се наоѓа на север од Бедиње, на левиот брег на реката.
- Џамии
- Археолошки наоѓалишта
- Градиште — населба од железното време
- Реки
- Липковска Река - тече северно од Бедиње
Сообраќај[уреди | уреди извор]
Низ Бедиње поминува регионалниот пат Р2133, со месен назив „11 Ноември“, кој на источниот крај на атарот се поврзува со автопатот А1 („Александар Велики“).
Редовни настани[уреди | уреди извор]
Култура и спорт[уреди | уреди извор]
Населбата Бедиње располага со два фудбалски терени.
Личности[уреди | уреди извор]
Галерија[уреди | уреди извор]
-
Средишниот дел на Бедиње гледан од север
-
Средишниот дел на Бедиње гледан од север
-
Православното светилиште
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 205. ISBN 9989-649-28-6.
- ↑ Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 216.
- ↑ Brancoff, D.M. La Macédoine et sa Population Chrétienne. Avec deux cartes ethnographiques, Paris, 1905, pp. 126-127.
- ↑ „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
- ↑ Д. Давитковски (30 јуни 2020). „Управата за водење на матични книги се сели во Бедиње“. kumanovonews.mk. Архивирано од изворникот на 2022-12-06. Посетено на 6 декември 2022.CS1-одржување: бот: непознат статус на изворната URL (link)
- ↑ „Факултет за бизнис администрација“. Државен универзитет во Тетово. Архивирано од изворникот 2018-07-15. Посетено на 6 декември 2022.
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
|