Црква „Св. Никола“ - Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Никола
Црква „Св. Никола“ од Свети Николе (14).JPG

Поглед кон црквата

Македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Местоположба
Населено место Свети Николе
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Св. Никола
Изградба 1983
Завршено 1990
Живопис Драган Ристевски
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црква „Св. Никола“црква која се наоѓа во Свети Николе, во Општина Свети Николе.

Оваа црква била изградена врз темелите на старата црква. Темелите биле осветени на 25 октомври 1983 година од Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Ангелариј. Храмот бил осветен на 14 октомври 1990 година од Митрополитот Брегалнички г. Стефан.

Иконите на иконостасот и фрескоживописот во олтарскиот дел се дело на зографот Драган Ристевски од Охрид[1][2].

Старата црква[уреди | уреди извор]

Објектот е еднокорабна градба граден од камен, тула и малтер. Кровот од надвор е на две води а внатре поделен на три свода, од кои средниот е највисок. Таванот е од дрво. Црквата е долга 12, а широка 6,40 метри. На ѕидовите се прозорци. Во внатрешноста на западната страна се наоѓа певница од дрвена конструкција, а на северниот ѕид е залепена проповедалницата, исто така од дрво. Олтарниот простор е подигнат во однос на наосот. Од олтарниот простор на југ се влегува во мала просторија – ѓаконикон за чување на светите книги и реликвии. Црквата не е живописана. Единствен украс во ентериерот е дрвениот иконостас обоен кафеаво. На него се наоѓаат повеќе икони вградени во рамки. Некои потекнуваат од 1849, а други од 1875/77 година. Други носат индикт Е. Според внатрешната елевација поделена на три дела со тенки дрвени столбови, 4 на број и според архитектурата и иконите од 1849 година, може со сигурност да се претпостави дека е градена во првата половина на 19 век. Тоа е време на интензивна градба на голем број цркви во Македонија. Повеќето се градени од мајсторот Андреја Дамјанов, најголем архитект кај нас во 19 век. Меѓу останатите, тој ги градел и црквите во Велес, Куманово и Ново Село. Во контекст со ова може да се претпостави дека и оваа црква е градена од него.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. http://www.bregalnickaeparhija.org.mk/index.php?option=com_content&view=article&id=48:2009-12-18-17-06-14&catid=35:2010-01-15-21-58&Itemid=55
  2. http://srcetonamakedonija.mk/%D0%BA%D1%83%D0%BB%D1%82%D1%83%D1%80%D0%B0/tsrkvi/
  3. КУЛТУРНО – ИСТОРИСКИ СПОМЕНИЦИ ВО ОВЧЕ ПОЛЕ -Здравковски Драгиша; Свети Николе, Јануари 1981

Надворешни врски[уреди | уреди извор]