Прва светиниколска парохија

Координати: 41°51′58.7″N 21°56′32.2″E / 41.866306° СГШ; 21.942278° ИГД / 41.866306; 21.942278
Од Википедија — слободната енциклопедија

Прва светиниколска парохија — православна парохија на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, дел од Штипското архијерејско намесништво на Брегалничката епархија. Нејзиното седиште е во црквата „Св. Никола“ во градот Свети Николе. Парохиски свештеник е протојереј-ставрофор Јордан Тасев.[1]

Парохијата ги опфаќа градот Свети Николе, како и селата: Долно Ѓуѓанци, Кнежје, Ѓуземелци, Ранченци, Строиманци, Патетино и Немањици.

Цркви[уреди | уреди извор]

Ова е список на црквите во парохијата.[2] Можно е списокот да е нецелосен.

име населено место изградена слика
Црква „Св. Никола“
(главна парохиска црква)
Свети Николе 1847
Црква „Св. Никола“ Долно Ѓуѓанци XIX век
Црква „Св. Никола“ Кнежје
Црква „Св. Ѓорѓи“ Ѓуземелци XVI век
Црква „Св. Илија“ Ѓуземелци
Црква „Вознесение Христово“ Ѓуземелци
Црква „Св. Ѓорѓи“ Ранченци XIX век
Црква „Св. Недела“
(манастирска црква)
Ранченци 1930
Црква „Вознесение Христово“ Строиманци
Црква „Св. Атанасиј“ Патетино
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ Немањици 1848
Црква „Св. Илија“ Немањици 2014 (обновена)

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Светиниколски парохии | Брегалничка епархија“. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 27 април 2021.
  2. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°51′58.7″N 21°56′32.2″E / 41.866306° СГШ; 21.942278° ИГД / 41.866306; 21.942278