Прејди на содржината

Црква „Св. Илија“ - Немањици

Од Википедија — слободната енциклопедија
Свети Илија

Поглед на црквата

македонска православна црква
ЕпархијаБрегалничка
Архијерејско намесништвоШтипско
ПарохијаПрва светиниколска
Местоположба

Карта

Координати41°55′32″N 22°00′15″E / 41.92556°N 22.00417°E / 41.92556; 22.00417
МестоНемањици
ОпштинаСвети Николе
ДржаваМакедонија
Општи податоци
ПокровителСвети Илија
Изградба2014 (обнова)
Архитектонски опис

Свети Илија — манастирска црква на поранешниот Немањички манастир во селото Немањици, Македонија. Во 2014 година била започната изградбата на нова црква.

Црквата се наоѓа северно од селото, на местото на старото село.

Местоположба

[уреди | уреди извор]

Црквата се наоѓа во месноста Старо Село или Селиште. Околу црквата се наоѓаат стари гробови.[1]

Историја

[уреди | уреди извор]

За црквата нема податоци кога е подигната. Истата била срушена за време на отоманскиот период.[2]

Во 1960-тите години биле останати само надворешните ѕидови високи 2 метри,[1] додека подоцна била видлива само олтарската апсида.[2]

Во ноември 2014 година отпочнала обновата на манастирската црква. Камен-темелникот на новата црква бил осветен од страна на митрополитот Брегалнички г. Иларион.[3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1 2 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 734.
  2. 1 2 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.
  3. ↑ „Поставен Камен-темелник на манастир во село Немањици“. ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ. Посетено на 2021-04-17.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]