Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици
Успение на Пресвета Богородица | |
Поглед на црквата | |
| македонска православна црква | |
| Епархија | Брегалничка |
| Архијерејско намесништво | Штипско |
| Парохија | Прва светиниколска |
| Местоположба | |
|---|---|
| Координати | 41°54′50″N 22°00′48.2″E / 41.91389°N 22.013389°E |
| Место | Немањици |
| Општина | Свети Николе |
| Држава | Македонија |
| Општи податоци | |
| Покровител | Богородица Марија |
| Завршено | 1848 |
| Архитектонски опис | |
Успение на Пресвета Богородица — главна селска црква во селото Немањици, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа во средишниот дел од селото, непосредно од десната страна на патот кој води кон сретселото. Во близина на црквата се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа на едно возвишување, спротивно од самото село.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена во 1848 година, но не е позната од кого била осветена.[3]
Според М. Филиповиќ, црквата била подигната од мајстор по име Дамјан, кој потекнувал од родот Зографовци од Велес.[2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Градбата на црквата има правоаголна основа, а од западната и северната страна е доградена припрата. Во дворот на црквата има помошен објект, а во непосредна близина се сместени и селските гробишта.
Иконостас
[уреди | уреди извор]Во периодот на изградба на црквата биле изработени и иконите од страна на зографот Анастас од Крушево.[3]
Галерија
[уреди | уреди извор]- Селските гробишта
- Камбанаријата
- Спореден влез
- Молитвен простор
- Помошниот објект
- Апсидата
- Припратата
- Тремот
- Спореден влез
- Главниот влез
- Припратата
- Гробен споменик во дворот
- Влезната порта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 28. ISBN 978-608-65143-2-7.
- 1 2 Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 734.
- 1 2 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-03-30.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Немањици на Ризницата ?


