Црква „Св. Никола“ - Кнежје
Свети Никола
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Брегалничка |
Архијерејско намесништво | Штипско |
Парохија | Прва светиниколска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°50′59″N 21°54′30″E / 41.84972° СГШ; 21.90833° ИГД |
Место | Кнежје |
Општина | Свети Николе |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Свети Никола |
Архитектонски опис |
Свети Никола — главна селска црква во светиниколското село Кнежје, Македонија.[1]
Црквата се наоѓа на влезот во селото, издигната над селото, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта.
Местоположба
[уреди | уреди извор]Црквата се наоѓа во самото село и со својата местоположба е видлива од поголемиот дел од селото.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Црквата не се знае кога е подигната, иако самите мештани тврдат дека веќе постоела кога нивните предци дошле во селото.[3] Според парохиски извори, таа е подигната во XIX век. Не е познато кога и од кој архијереј е осветена.[4]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Карактеристично за оваа црква е што е изградена како еднокорабна црква, а за која се користени материјали од околните археолошки наоѓалишта.[2]
Фрескоживопис
[уреди | уреди извор]За иконите не се знае од кој автор потекнуваат, а се направени во ист период кога била градена црквата.[4]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Селските гробишта
-
Припратата
-
Влезот
-
Апсидата
-
Предниот дел
-
Камбанаријата
-
Припратата
-
Поглед на црквата
-
Тремот
-
Селските гробишта
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ 2,0 2,1 „Цркви |“. web.archive.org. 2016-09-15. Архивирано од изворникот на 2016-09-15. Посетено на 2021-04-07.
- ↑ Трифуноски, Јован (1964). Овчепољска Котлина. Загреб: Југословенска академија на науките и уметностите. стр. 718.
- ↑ 4,0 4,1 „Светиниколски парохии“. www.bregalnickaeparhija.org.mk. Архивирано од изворникот на 2021-04-15. Посетено на 2021-04-07.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Никола“ - Кнежје на Ризницата ?