Меѓународен славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин“ — универзитет со седиште во Свети Николе[1], кој започна со работа во 2004 година во Свети Николе како претставник на Mеѓународниот славјански универзитет од Русија, на територијата на Република Македонија преку дописно-вонредно студирање. Основач на оваа високообразовна установа е проф. д-р Јордан Ѓорчев.

Денес Меѓународниот Славјански Универзитет (МСУ) „Гаврило Романович Державин“ располага со два кампуси во Свети Николе и Битола и е втор дом на повеќе од 2000 студенти. Универзитетот е составен од пет факултети и два институти (Институт за инженерска економија и Институт за култура и уметност). Универзитетот има програми за стипендирање на сите факултети, [2][3] а организира и настани за студентите. [4]

Содржина

Симболи на универзитетот[уреди | уреди извор]

Графички приказ на грбот на МСУ.

Грб[уреди | уреди извор]

Грбот на МСУ е со тркалезна форма. Централно е поставен портрет од Г. Р. Державин, а кон надворешните рабови е испишано името на универзитетот. На долниот дел од грбот стои отворена книга, како симбол на знаењето и образованието.

Грбот на универзитетот се употребува на издадените дипломи, сертификати, меморандумите итн. Златна верзија од грбот се употребуваше за 10-годишниот јубилеј. Истата верзија се употребува и за плакетата „Державин“ која ја се врачува на лица кои дале значителен придонес во развојот на универзитетот.

Студентска химна[уреди | уреди извор]

Химната на универзитетот е напишана од Лазар Цветковски, а изведувачи се познатите македонски пејачи Димитар Андоновски и Дарко Илиевски, кои се наши (веќе дипломирани) студенти.

Химната се изведува на свечености организирани од универзитетот како доделување дипломи и врачување индекси, на промоции, културни настани итн. Се користи и во промотивните видеа за универзитетот, како и за секој факултет посебно.

Слогани[уреди | уреди извор]

  • Живеј ја својата визија (2015)
  • Студирајте на Славјански денес за да го освоите светот утре (2016)
  • Мојата визија. (2018)

Инсигнии[уреди | уреди извор]

МСУ има посебни инсигнии за ректорот, проректорот, деканите и продеканите. Ректорските и проректорските инсигнии се состојат од пет меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин. Деканските и продеканските инсигнии се состојат од три меѓусебно поврзани гравури, а на централната гравура е поставен ликот на Г. Р. Державин.

Патронен празник[уреди | уреди извор]

Патрониот празник на МСУ е 21-ви март, Светскиот ден на поезијата. Секоја година патрониот празник се одбележува со посебна свечена програма која се одржува на една од единиците на МСУ. Во свечената програма земаат учество и студентите на МСУ и на тој ден не се изведува настава.

Патрониот празник на МСУ се одбележува на свечен начин, секоја година. На единиците се организираат свечености и на тој ден не се изведува настава. Програмата за патрониот празник се подготвува и уредува од Институтот за култура и уметност.

Одора[уреди | уреди извор]

МСУ определува одори за ректорот, проректорите, деканите и продеканите. Одората се карактеризира со бордо боја со декорации и везови во златна боја кои започнуваат од предната страна и преку рамениците се протегаат до грбот. Основата на одората е иста за ректорот, проректорите, деканите и продеканите.

На ректорската одора има правоаголен додаток во златна боја кој служи како подлога за инсигниите. На проректорската, деканската и продеканската одора се додаваат само инсигниите. Одората се користи при свечени настани на МСУ, прослави, промоција на нови генерации, претставување на МСУ или единиците на меѓународни и меѓууниверзитетски средби и слични активности.

Историја[уреди | уреди извор]

Промоција на дипломци и магистри на МСУ. .jpg

Меѓународниот Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” - Свети Николе - Битола (МСУ), започна со работа во 2004 година во Свети Николе како претставник на Меѓународен Славјански Институт - Москва од Руската Федерација на територијата на Република Македонија со начинот на дописно - вонредно студирање. Од самиот почеток заклучно до 2008 година, под име „Меѓународен Славјански Институт“ во Р. Македонија работеше под акредитација на Министерството за образование на Руската Федерација и Решение од Владата на Р. Македонија за работа како странска високообразовна институција (Решение бр. 12-8157/1 од 20.07.2005).

Со отпочнувањето со работа во 2004 година, започна да функционира Факултетот за економика и организација на претприемништвото со насока Менаџмент на организација. Наредната, 2005 година, покрај Факултетот за економика и организација на претприемништвото започна со работа и Факултетот за психологија со насоката Општа психологија. [5]

Со оглед на зголемениот интерес на студирање на територијата на Република Македонија, во 2006 година, универзитетот, својата работа ја прошири со отварањето на кампусот во Битола и проширувањето на студиските подрачја со воведување на уште една насока на Факултетот за економика и организација на претприемништвото, односно насоката Финансии и кредит.

Во 2008 година согласно измените на Законот за високото образование и имплементацијата на Европскиот кредит трансфер систем (ЕКТС) се извршени усогласувања на наставните програми согласно Болоњската декларација и се здобија со акредитација Факултетот за економика и организација на претприемништвото и Факултетот за психологија од страна на Министерството за образование и наука на Република Македонија. Истата година Институцијата се ребрендира во Меѓународен Славјански институт „Г. Р. Державин“ – Свети Николе.

Во 2011 година акредитиран е Факултетот за информатика со две студиски програми (Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи). Истата година акредитирани се и две студиски програми на втор циклус на студии на Факултетот за економика и организација на претприемништвото (Маркетинг менаџмент и Менаџмент со човечки ресурси во мали и средни претпријатија) и две студиски програми на Факултетот за психологија (Клиничка и советодавна психологија и Психологија во социјалната заштита).

МСУ во Битола.png

Во 2012 година акредитиран е Факултетот за безбедносно инженерство со 6 студиски програми од прв и втор циклус на студии, како прв и единствен факултет во Р. Македонија од овој вид. На прв циклус на студии се акредитирани насоките Безбедност при работа и Безбедност од пожар, а истите насоки - Безбедност при работа и Безбедност од пожар - се акредитирани и за специјалистички и магистерски студии. Овој факултет има свое годишно научно списание. [6]

Во 2013 година институцијата се трансформира во универзитет и го добива името Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ - Свети Николе - Битола.

Во 2014 година добиена е акредитација за Факултетот за правни науки, прв циклус на студии.

Во 2016 година Факултетот за информатика при овој универзитет доби акредитации за две насоки на втор циклус на студии: Софтверски технологии и Компјутерски системи и мрежи.

Во 2017 година беа добиени акредитации за пет насоки на втор циклус (последипломски студии) на Факултетот за правни науки:

Денес Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” - Свети Николе - Битола работи со пет акредитирани факултети и два институти „Институт за култура и уметност“ и „Институт за инженерска економија“ со одделениe во Свети Николе каде што е и дирекцијата и дисперзираното одделение кое се наоѓа во Битола.

Визија и мисија[уреди | уреди извор]

Мисија[уреди | уреди извор]

Мисијата на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ е да биде регионален центар на значајни академски и културни случувања, претставувајќи академска средина која нуди квалитетно и достапно за сите високо образование, во процес на пријатно, фер и транспарентно студирање кое обединува идеи од сите краеви на светот.

Визија[уреди | уреди извор]

МСУ да стане крстосница каде ќе се обединуваат и споделуваат знаењата од истокот и западот, со цел да воспостави универзални академски стандарди, да понуди квалитетно образование и научна дејност преку современа наставна програма за кадри кои се подготвени за глобалниот пазар на трудот.

Модел на студирање[уреди | уреди извор]

Раководството на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, со самото отпочнување со работа од 2004 година во Р. Македонија, како приватна високообразовна установа излезе со јасен образовен концепт кој беше компатибилен со динамичните општествени промени кои се случија во последните децении на глобално ниво.

На самиот почеток од формирањето беа искористени и имплементирани позитивните искуства од образовниот систем на Руската Федерација, а подоцна и од други високоразвиени земји од светот, со намера да се оствари визијата оваа институција да прерасне во меѓународно респектабилен универзитет, со повеќе факултети не само од општествените туку и од другите науки, каде што покрај македонски студенти ќе студираат и студенти од други држави од регионот.

Следејќи ги современите тенденции во областа на високото образование, во функција на проширување на образовните и културните хоризонти, како и на можностите на поединецот за пофлексибилно пронаоѓање на својата перспектива во општеството, универзитетот нуди современа едукација на високошколски кадар со широка демократска отвореност и флексибилност за студентите преку перманентно следење и редизајнирање на постојните студиски програми според нормативите, стандардите на Болоњската декларација.

Наставата ја реализираат квалитетни наставни кадри од земјата, потпомогнати со бројни визитинг професори од повеќе земји од Европа, покрај теоретската поткованост квалитетот на студирањето се унапредува и преку апликативната поврзаност со стопанството, јавниот и приватниот сектор. Примената на нови методологии за ефикасно и квалитетно учење во кои студентот ќе биде во центарот на образовниот процес, значително ќе придонесат да се искористи индивидуалниот потенцијал на секој поединец, а задоволните и самореализирани студенти лесно ќе бидат препознаени на пазарот на трудот бидејќи ќе одговараат на потребите од реалниот сектор.

Студиски програми[уреди | уреди извор]

Фотографија од МСУ. .jpg

Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ на своите пет факултети нуди повеќе наставни програми за додипломски и последипломски студии.

Додипломски студии:[уреди | уреди извор]

Факултет за економија и организација на претприемништвото [7]

  • Менаџмент на организација (4+1)
  • Финансии и кредит (4+1)

Факултет за психологија [8]

  • Општа психологија (4+1)

Факултет за информатика [9]

  • Софтверски технологии (3+2)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+2)

Факултет за безбедносно инженерство [10]

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

Факултет за правни науки [11]

  • Правни студии (општи тригодишни студии) (3+1+1)
  • Изборни модули
    • Административно право и јавна администрација (3+1+1)
    • Граѓанско право (3+1+1)
    • Казнено право (3+1+1)
    • Меѓународно јавно право, право на ЕУ и диппломатија (3+1+1)
    • Финансии и деловно право (3+1+1)

Последипломски студии:[уреди | уреди извор]

Факултет за економија и организација на претприемништвото

  • Менаџмент на човечки ресурси во мали и средни претпријатија (4+1)
  • Маркетинг менаџмент (4+1)

Факултет за психологија

  • Психологија во социјалната заштита (4+1) и (3+2)
  • Клиничка и советодавна психологија (4+1) и (3+2)

Факултет за информатика

  • Софтверски технологии (3+1+1)
  • Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)

Факултет за безбедносно инженерство [12]

  • Безбедност при работа (3+2)
  • Безбедност од пожар (3+2)

Факултет за правни науки

  • Административно право и јавна администрација (3+1+1)
  • Граѓанско право (3+1+1)
  • Казнено право (3+1+1)
  • Меѓународно јавно право, право на ЕУ и дипломатија (3+1+1)
  • Финансии и деловно право (3+1+1)

Просторни капацитети[уреди | уреди извор]

Во 2007 година универзитетот ги зголеми своите капацитети со стекнување на сопствена зграда во Свети Николе со површина од 2700 м² и можност за доградба на уште 1500 м² простор, најсовремено опремен за изведување на високообразовна дејност. Ова се должеше на зголемениот број на заинтересирани студенти за студирање на оваа високообразовна установа. Во почетокот на 2008 година оваа институција повторно ги зголеми своите капацитет со купување на зграда во Битола со површина од 1700 м².

Денес универзитетот располага со свои објекти во Свети Николе (универзитетски кампус), Битола (универзитетски кампус), Велес (лабораторија за безбедност и здравје при работа) и Претор (во изградба). Вкупната површина на сите простории изнесува вкупно околу 7000 м² кои се соодветно адаптирани, а воедно и современо опремени за да може да се изведува квалитетна настава.

Меѓународна и меѓууниверзитетска соработка[уреди | уреди извор]

Договори за соработка со универзитети надвор од Македонија[уреди | уреди извор]

Меѓународниот славјански универзитет„Г. Р. Державин“ во континуитет води политика на суштинска соработка со други универзитети. Иако децениското работење на универзитетот е релативно краток период, менаџментот во ниту еден момент не престана да вложува во остварувањето на соработка и комуникација со други високообразовни установи ширум Европа и светот.

Соработката со Државниот Универзитет во градот Тамбов – Руска Федерација со кој МСУ е во корпоративна соработка, дефинитивно е една од најзначајните и суштински соработки кои ги има универзитетот. Во однос на оваа соработка, веќе успешно се реализира програмата за двојни дипломи.

Паралелно се водат преговори си со други универзитети за слични вакви програми, а веќе во завршна фаза е програмата за реализација на докторски студии со Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново, Бугарија. Се работи за голем универзитет, значаен за перспективите на Славјанскиот универзитет и веќе во завршна фаза се преговорите за имплементација на програма за р еализација на трет циклус на студии на овој етаблиран универзитет. Во моментот МСУ има склучено вкупно 20 договори со универзитети надвор од Македонија.

1. Тамбовски државен универзитет „Г. Р. Державин“ – Тамбов, Русија [13]

2. Московски државен регионален универзитет – Москва, Русија [14]

3. Липецки државен педагошки универзитет – Липецк, Русија [15]

4. Северно-Кавкаски Федерален универзитет – Ставропол, Русија [16]

5. Југозападен универзитет „Неофит Рилски“ – Благоевград, Бугарија

6. Универзитет „Мегатренд“ – Белград, Србија

7. Универзитет „Јуридика“ – Виена, Австрија

8. Државен универзитет Ниш – Ниш, Србија

9. „Паневропски универзитет“ – Бања Лука, Република Српска

10. Универзитет „Витез“ – Травник, Босна и Херцеговина

11. ВСУ „Черноризец Храбар“ – Варна, Бугарија

12. Алфа БК универзитет – Србија

13. Педагошки факултет- Врање, Србија

14. Азурлингва – Ница, Франција

15. Гетијде колеџ – Холандија

16. Великотрновски универзитет „Св. Кирил и Методиј“ – Велико Трново, Бугарија [17][18]

17. Уралски федерален универзитет „Првиот претседател на Руската Федерација – Борис Николаевич Елцин“ – Екатеринбург, Руска Федерација.

18. Технички универзитет – Габрово, Бугарија

19. Висока школа за бизнис економија и претприемништво – Белград, Србија

20. Висока школа „ЦМС – Центар за мултидисциплинарни студии“ – Тузла, БиХ

Соработка за последипломски студии со Економски факултет при Универзитетот од Љубљана[уреди | уреди извор]

Согласно договорот потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Економскиот факултет од Универзитетот во Љубљана, програмата „Бизнис и организација“ на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана од 2018 година е достапна на Меѓународен Славјански Универзитет.

Економскиот факултет Љубљана е првиот и моментално единствениот со т.н. „Тројна круна“ во Југоисточна Европа со највисоките интернационални акредитации EQUIS, AASCB и AMBA. Уписот на кандидатите и реализација на програмата се врши на Меѓународен Славјански Универзитет. Официјален јазик на прогамата е англиски јазик.

Соработка за докторски студии со Великотрновскиот универзитет „Св. Кирил и Методиј“ од Бугарија[уреди | уреди извор]

Согласно билатералниот договор потпишан помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет „Гаврило Романович Державин” и Универзитетот од Велико Трново, од 2018 година упис на кандидати за докторски студии се врши на Меѓународен Славјански Универзитет во Македонија. [19]

Конференции и научни публикации[уреди | уреди извор]

Меѓународна научна конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“[уреди | уреди извор]

Меѓународната научна конференција „Меѓународен дијалог: исток-запад“ е во заедничка организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Свети Николе - Битола и Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија и започна да се организира во 2010 година. На конференција  „Меѓународен дијалог: исток-запад“ со свои научни трудови досега имаат учествувано над 1600 научни работници од Албанија, Македонија, Русија, Србија, Бугарија, Белорусија, Виетнам, Узбекистан, Киргистан, Казахстан, Босна и Херцеговина, Хрватска, САД и Косово што претставува потврда за меѓународниот карактер на конференцијата. [20][21][22][23][24]

Сите трудови на учесниците се објавуваат во научно списание „Меѓународен дијалог: исток-запад“  ISSN print: 1857-9299 и ISSN online: 1857-9302, во издание на официјалната издавачка куќа на универзитетот, Меѓународниот центар за славјанска просвета (МЦСП) – Свети Николе. Научното списание излегува 4 пати годишно, а досега се објавено околу 1200 научни трудови.

Меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“[уреди | уреди извор]

Меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад“ е симпозиум на филозофи во организација на Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович Державин“ Свети Николе – Битола и Филозофското друштво на Македонија. [25][26][27][28][29][30]

Досега учествувале истакнати филозофи од Велика Британија, Русија, Полска, Бугарија, Македонија, Канада и Хрватска.

Издавачка куќа и книжарница[уреди | уреди извор]

Книжарница славјански.png

Издавачка куќа[уреди | уреди извор]

Меѓународен центар за славјанска просвета [31]е името на официјалната издавачка куќа на МСУ. Нејзината намена е да ги развие и унапреди целите на универзитетот од областа на знаењето, едукацијата, учењето и истражувањето.

Насловите кои се досега издадени се од областа на менаџментот, маркетингот, економијата, психологијата, правото информатиката… Издавачката куќа се грижи и за издавањето на меѓународните списанија од одржаните конференции на универзитетот и заедничките изданија со партнерските универзитети.

Освен учебници и списанија, се издаваат и романи од македонски автори, како и збирки раскази, поезија итн.

Печатница и книжарница[уреди | уреди извор]

Во склоп да издавачката куќа има и печатница, каде книгите се дизајнираат, обработуваат и доведуваат до својата конечна форма. Книжарницата во Свети Николе ја нуди целокупната литература која е потребна за студентите на универзитетот, сопствени изданија, и изданија од други издавачи од Македонија, така што студентите имаат голем избор на стручна и слободна литература.

Библиотеки[уреди | уреди извор]

Библиотека МСУ..jpg

Библиотеките се составен дел на кампусите во Свети Николе и Битола и нудат учебници, разни прирачници, разговорници, енциклопедии  и стручна литература на македонски, српски, хрватски, руски, бугарски и англиски јазик. [32]

Стручната литературата опфаќа различни области, но доминираат наслови од:

  • економија
  • бизнис
  • менаџмент
  • психологија
  • правно-политички науки
  • хуманистички науки
  • технички науки
  • компјутерски науки

Библиотеките располагаат и со читална, каде студентите можат непречено да читаат, истражуваат, работат на проекти. Нашата универзитетска библиотека нуди бесплатно членство за сите студенти, како и бесплатно изнајмување на книги.

Вкупниот библиотечен фонд на стручни книги и списанија во библиотеките според последниот попис изнесува над 20 000 наслови. Дополнително, нудиме и литература за деца, лектири, книги за млади и возрасни. Фондот на книги постојано се надополнува со нови книги од сите македонски издавачи.

Во рамки на наведениот книжен фонд влегуваат и сите изданија (учебници, прирачници и др.) кои ги имаат издадено МСУ и МСЦП (Меѓународен центар за славјанска просвета, официјалната издавачка куќа на универзитетот). Станува збор за стручна литература, подготвена од автори од Македонија, Бугарија, Русија итн.

Студентско радио[уреди | уреди извор]

Радио Свети Николе.jpg

Радио Свети Николе постои од 1969 година, а од 2007-ма година МСУ го зеде под своја закрила. Денес радиото функционира како студентско радио, каде студентите можат слободно да ги споделуваат своите размислувања и да се изразуваат преку емисии, дебати, нова музика и вести од случувањата на универзитетот. [33]

Радиото е отворено за сите студенти и граѓани кои сакаат да учествуваат во креирање на програмата – од локални вести до забавна музика, филмски критики, наука… На студентите им се нуди можност за практикантска работа во студентското радио.

Женски ракометен клуб - Славјански Универзитет[уреди | уреди извор]

ЖРК Славјански Универзитет.jpg

Единствениот женски ракометен клуб во Свети Николе го носи името Славјански Универзитет. [34][35] Линк до фан страницата на Facebook.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјален веб портал

Официјална Facebook страница.

Официјален Instagram профил.

  1. „Институции и фирми — ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ“ (mk-MK). конс. 2019-03-03. 
  2. „Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ – Св. Николе – Битола доделува 20 стипендии“. Studenti.mk (mk-MK). 2017-04-18. конс. 2019-03-03. 
  3. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Можност за стипендија од 1000 евра: Интелектуална игра за тандем стипендии DerzhaWIN!“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  4. „Regionalno zdruzenie za makedonsko-rusko prijatelstvo "A.A.Rostkovski" - Ассоциация македонского-русской дружбы и сотрудничества“. www.makrus.pelanet.mk. конс. 2019-03-03. 
  5. „Министерство за образование и наука“. www.mon.gov.mk. конс. 2019-03-03. 
  6. Зборник на научни трудови. „Безбедносно инженерство при работа и пожар“ том  1: 320. 2013 г. 
  7. „Факултет за економија и организација на претприемништво“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  8. „Факултет за психологија“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  9. „Факултет за информатика“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  10. „Факултет за безбедносно инженерство“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  11. „Факултет за правни науки“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  12. „mladi.ams.mk“. mladi.ams.mk. конс. 2019-03-03. 
  13. „Сотрудничеству ТГУ с Международным славянским университетом (Македония) – 10 лет“. www.tsutmb.ru. конс. 2019-03-03. 
  14. „МГОУ и Международный славянский университет «Гаврило Романович Державин» (г. Свети-Никола, Македония) подписали договор о сотрудничестве“. old.mgou.ru. конс. 2019-03-03. 
  15. „ЛГПУ -- - Студенты приняли участие в конференции в республике Македония“. lspu-lipetsk.ru. конс. 2019-03-03. 
  16. „На Славјански гостуваа професорки од Северно-Кавкаски Федерален Универзитет од Русија“. Studenti.mk (mk-MK). 2017-03-16. конс. 2019-03-03. 
  17. „Делегација од МСУ во Велико Трново по повод 55-годишнина од основањето на ВТУ „Св. св. Кирил и Методиј““. Studenti.mk (mk-MK). 2018-11-09. конс. 2019-03-03. 
  18. „Великотърновски университет "Св. св. Кирил и Методий". uni-vt.bg. конс. 2019-03-03. 
  19. Конкурс за упис на докторски студии во Бугарија - 2018/2019 • Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин““, „Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин““, 19 ноември 2017. (на mk-MK)
  20. Меѓународен дијалог: исток-запад - Конференциски Центар“, „Конференциски Центар“. (на mk-MK)
  21. Press, Istok. „Научна конференцијa „Меѓународен дијалог: исток-запад“ | Istok Press“ (mk-MK). конс. 2019-03-03. 
  22. Nastovska, Katerina (на en). МЕЃУНАРОДЕН ДИЈАЛОГ: ИСТОК -ЗАПАД. https://www.academia.edu/36991244/%D0%9C%D0%95%D0%83%D0%A3%D0%9D%D0%90%D0%A0%D0%9E%D0%94%D0%95%D0%9D_%D0%94%D0%98%D0%88%D0%90%D0%9B%D0%9E%D0%93_%D0%98%D0%A1%D0%A2%D0%9E%D0%9A_-%D0%97%D0%90%D0%9F%D0%90%D0%94. 
  23. info@fakulteti.mk, Fakulteti mk-. „Претставници од 8 земји се собраа на меѓународен дијалог во Славјански универзитет“. fakulteti.mk. конс. 2019-03-03. 
  24. „Меѓународен дијалог: „Исток-Запад““ (PDF). Core. 2014. Архивирано од изворникот (PDF) на |archiveurl= requires |archivedate= (помош). конс. 03.03.2019. 
  25. „Филозофски дијалог - 2018“. Конференциски Центар (mk-MK). конс. 2019-03-03. 
  26. Ана (2017-10-04). „Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад". А1он (en-US). конс. 2019-03-03. 
  27. „Меѓународен филозофски дијалог „Исток – Запад““. Daily.MK - Вести. конс. 2019-03-03. 
  28. Милевска Ѓеорѓиева, Ана (2015). „Прв меѓународен филозофски дијалог „Исток-запад““. Канал5. 
  29. „Меѓународен филозофски дијалог „Исток - Запад““. time.mk. конс. 2019-03-03. 
  30. „Меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“ на тема „Правото меѓу политиката и етиката““. Сител Телевизија (Macedonian). конс. 2019-03-03. 
  31. „МЦСП – Издавачка куќа и книжарница“ (mk-MK). конс. 2019-03-03. 
  32. „е-Библиотека на МСУ“. 
  33. „Медиуми — ОПШТИНА СВЕТИ НИКОЛЕ“ (mk-MK). конс. 2019-03-03. 
  34. „ЖРК Славјански Универзитет – Женски Ракометен Клуб „Славјански Универзитет““ (mk-MK). конс. 2019-03-03. 
  35. „ЖРК Овче Поле – Славјански Универзитет и понатаму дава таленти“. 24 РАКОМЕТ (en-US). 2016-08-13. конс. 2019-03-03.