Стефан Дечански

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стефан Дечански
Stefan Decanski ktitor.jpg
Фреска на кралот Стефан Дечански со манастирот Високи Дечани
Крал на Србија
На престол 1322–1331
Крунисување 6 јануари 1322
Претходник Стефан Константин
Наследник Стефан Душан
Деца
Стефан Урош IV Душан
Симеон Урош
Династија Немањиќ Nemanjić dynasty coat of arms, Palavestra.jpg
Татко Стефан Урош II Милутин
Мајка Елена
Роден(а) пред 1282
Починал(а) 11 ноември 1331(1331-11-11) (воз. 46 г.)
Звечан
Почивалиште Високи Дечани
Потпис Coins
Вероисповед Православие

Стефан Дечански (~ 1285 – 11 ноември 1331) бил српски крал, син на Стефан Урош II Милутин.

За време на неговата младост, неговиот татко бил приморан да го испрати како заложник на татарскиот кан Ногај, кај кого останал до 1299. Од 1309 година станал управник на Зета. Во 1314 година, учествувал во неуспешната побуна на аристократијата од Зета против Милутин. Стефан Дечански бил заробен, делумно ослепен и изгонет во Константинопол, каде што останал под заштита на Андроник II. Пред смртта, Милутин дозволил Стефан Дечански да се врати во Србија.

Манастирот Високи Дечани

Стефан прво се оженил со Теодора, ќерката на бугарскиот цар Смилец. После, нејзината смрт се оженил по втор пат, со Марија Палеологина, ќерката на паниперсевастот Јован Палеолог. За време на граѓанската војна во Византија помеѓу Андроник II и Андроник III, Стефан го поддржал стариот император. Како резултат на тоа, Стефан се нашол во опасна ситуација по поразот на Андроник II во 1328, а особено откако Андроник III формирал сојуз со бугарскиот цар Михаил III Шишман. Сепак, истата година Стефан успеал да ја победи бугарската армија кај Велбужд.

Набрзо потоа, Стефан Дечански бил заробен од неговиот син Стефан Душан и одведен во Звечан, каде наскоро починал.