Црква „Св. Стефан“ - Свети Николе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Coat of arms of the Macedonian Orthodox Church.png
Macedonian cross.svg
Свети Стефан
Македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Местоположба
Населено место Свети Николе
Општина Свети Николе
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Свети Стефан
Завршено 1910
Архитектонски опис
Портал „МПЦ“

Црква „Св. Стефан“црква која се наоѓа во Свети Николе, во Општина Свети Николе.

Во 1910 година врз темелите на старата еднокорабна црква била изградена гробишната црква Свети Стефан. Пред влезот на црквата бил најден масивен коринтски капител кој е изложен во Народниот Музеј во Свети Николе.

Иконите во најголем дел се од Ѓорѓи Зографски и непознат автор од 1929 година. Од кој архиереј е осветена нема податоци. Во 2006 година црквата била реновирана и бил дограден нартекс[1][2].

Наводи[уреди | уреди извор]